Тешките страни на родителството што никој не ги гледа

Немање миг за себе

Ретко кој родител на мало дете успева да најде време за себе. Додека да стигне до одредена возраст, ова е вистински луксуз за мајките и татковците.

„Ќерка ми има 10 години и се однесува како моја сенка. Постојано сака да биде со мене. Многу ја сакам, но некогаш ми треба време само за себе“.

teshkata-strana-na-roditelstvoto-shto-nikoj-ne-ja-gleda-06.jpg

Децата растат пребрзо

И покрај сите предизвици, сите родители се согласуваат дека децата растат пребрзо, а ова ги растажува.

„На секоја возраст, децата се потполно различни. Ги сакате премногу, но тие растат и други луѓе го заземаат вашето место. Премногу е тешко да се збогувате со нив“.

teshkata-strana-na-roditelstvoto-shto-nikoj-ne-ja-gleda-07.jpg

Несакани совети од други луѓе (најчесто насочени кон мајката)

Можеби најголемиот кошмар на секој родител се „советите“ за грижа на деца кои не ги ни побарале од другите.

„Постојано слушате совети од луѓе, без разлика што никогаш не сте ги побарале. Секојпат кога сопругата шета со нашиот син, некој ѝ коментира за неговата облека или како ја буткала количката.

Од друга страна, секојпат кога јас излегувам со него, добивам комплименти бидејќи сум бил грижлив татко. Двојните стандарди се брутални, особено кога ќе се земе предвид колку малку се очекува од татковците“.

teshkata-strana-na-roditelstvoto-shto-nikoj-ne-ja-gleda-08.jpg

Промени во односот со партнерот

Со детето доаѓаат безброј обврски, па доста често партнерите немаат можност да си посветат време еден на друг.

Додека оваа фаза поминува, може да биде тешка и за мајката, и за таткото.

„Минуваме низ тежок период. Тешко е да ги решаваме проблемите во бракот кога треба да се грижиме за две мали деца“.

teshkata-strana-na-roditelstvoto-shto-nikoj-ne-ja-gleda-09.jpg

Настинки и болести

Кога малото дете ќе се разболи, родителите мора постојано да се грижат за него.

Но, неретко детето ги заразува и родителите, но тие немаат можност да земат боледување од родителството.

„За мене, најтешкиот дел од родителството е кога треба да се грижам за болното дете, додека јас сум болна“.

teshkata-strana-na-roditelstvoto-shto-nikoj-ne-ja-gleda-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg