Какви типови на модерни мајки постојат, низ илустрации
Каков тип на мајка сте вие? Ќе се пронајдете ли во некоја од овие илустрации, а ќе ги пронајдете ли и вашите сосетки, братучетки и пријателки?
Секоја мајка има различен пристап кон детето и на различен начин се однесува кон него. Некои внимаваат колку често детето гледа цртани, а други пак му го даваат таблетот во раце од најмала возраст.
Каков тип на мајки постојат денес и колку сме ние сите слични или различни?
Погледнете ги илустрациите, во кои голем број мајки може да се пронајдат:
Мајка одличен ученик
Подготвена е со часови да пишува домашна работа со детето, иако знае дека нејзиното однесување понекогаш има негативни последици.
Сeприсутна мајка
Вклучена е во сите активности во училиштето и не ѝ е тешко и по цели ноќи да работи на проектите за децата.
Мајка блогерка
Нејзините деца се најубави, секогаш облечени стилски и паметни. Барем така изгледа на Инстаграм.
Мајка војник
Секогаш подготвена да го заштити детето од секој непријател. Не е важно дали непријателот има само 5 години.
Подготвена мајка
Во нејзиниот ранец ќе најдете сѐ и сешто. Никогаш не се знае што може да ѝ притреба.
Мајка компаратист
Постојано сака да се споредува со другите родители и да докаже дека нејзиното дете е најталентирано од сите.