Ноле се повлекува во 2014?

nole-se-povlekuva-vo-2014-god-povekjeНовак Ѓоковиќ размислува да ја заврши кариерата за неколку години. Најдобриот тенисер на светот и најголемиот шегобиец на турнирите бил сосема...


...сериозен кога најавил дека наскоро може да се пензионира, под услов да во тој период ги изедначи резултатите со Бјорн Борг.

Швеѓанинот, има освоено 11 гренд слем титули пред да се откаже од тенисот на свои 26 години. Новак има 4 пехари од натпреварите на „големата четворка“ и 24 години.

Причините за ваквото размислување на Новак, кое сигурно ќе ги растажи неговите фанови, не се тешки да се претпостават. Телото сè повеќе ги чувствува последиците од жестокиот ритам на нон стоп играње и напорните тренинзи, повредите често го одвојуваат од теренот, па Ноле е свесен дека нема да може да издржи уште долго во наметнатиот гладијаторски стил.

 „Распоредот е многу напорен на турнирот во Лондон и се соочуваме со многу тешкотии, посебно сега на крајот на годината кога од нас се очекува да бидеме спремни и да играме 100% на секој турнир. Но, ако остварам резултати како што Борг направи своевремено, во наредните неколку години би можел да ја завршам тениската кариера. Сакам да бидам успешен како него. Тоа е секако прашање кое ќе морам да го размислам“ – ја отвори душата Ѓоковиќ.

nole-se-povlekuva-vo-2014-god

Би можело да ве интересира:

Заработуваше милиони уште пред да наполни 30: Колкаво наследство им остави Диого Жота на трите деца ... Диого Жота брзо се истакна како фудбалер и до трагичната смрт имаше заработено н...
Најдобриот NBA играч во моментов, носеше патики од Сатја Грабулоски - Македонски шмек на All Star ви... „Да соработуваш со еден од најдобрите светски кошаркари во моментот е уживање - ...
Децата ги води на патувања, сопругата на модни ревии - Како живее денес Роџер Федерер, најбогатиот „... Федерер живее многу помирно отколку за време на неговата професионална кариера, ...
Македонија ја извојува првата победа на ЕМОФ Скопје 2025, кошаркарките ја совладаа Литванија во Баск... Во вечерните часови на вториот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимп...
Топ 10 најзгодни спортистки на Зимските олимписки игри 2026 На врвот убедливо е најзгодната лизгачка Јута Лердам, но тука е и скијачката Ејл...
Детали за несреќата во која загина екс-голман на Арсенал - воз го влечел автомобилот неколку метри, ... На железничкиот премин во кој загина Алекс Манингер бил поставен знак „стоп“, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg