Ноле се повлекува во 2014?

nole-se-povlekuva-vo-2014-god-povekjeНовак Ѓоковиќ размислува да ја заврши кариерата за неколку години. Најдобриот тенисер на светот и најголемиот шегобиец на турнирите бил сосема...


...сериозен кога најавил дека наскоро може да се пензионира, под услов да во тој период ги изедначи резултатите со Бјорн Борг.

Швеѓанинот, има освоено 11 гренд слем титули пред да се откаже од тенисот на свои 26 години. Новак има 4 пехари од натпреварите на „големата четворка“ и 24 години.

Причините за ваквото размислување на Новак, кое сигурно ќе ги растажи неговите фанови, не се тешки да се претпостават. Телото сè повеќе ги чувствува последиците од жестокиот ритам на нон стоп играње и напорните тренинзи, повредите често го одвојуваат од теренот, па Ноле е свесен дека нема да може да издржи уште долго во наметнатиот гладијаторски стил.

 „Распоредот е многу напорен на турнирот во Лондон и се соочуваме со многу тешкотии, посебно сега на крајот на годината кога од нас се очекува да бидеме спремни и да играме 100% на секој турнир. Но, ако остварам резултати како што Борг направи своевремено, во наредните неколку години би можел да ја завршам тениската кариера. Сакам да бидам успешен како него. Тоа е секако прашање кое ќе морам да го размислам“ – ја отвори душата Ѓоковиќ.

nole-se-povlekuva-vo-2014-god

Би можело да ве интересира:

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина Грчкиот главен град Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Светската...
Шпанскиот ракометар Гурбиндо доби ќерка со сопругата Македонка - чекаа еден месец за да ги објават у... Во Македонија ја најде љубовта на својот живот, а сега шпанскиот ракометен репре...
Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар Најдобро рангираниот македонски каратист, Петар Заборски, остави најдобар впечат...
„Не доби црвен картон затоа што е Меси“ – Фудбалерот е хит на Твитер откако се степа на теренот На Меси не му се допаѓа кога ги навредуваат колегите од неговата репрезентација....
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
„За мојот народ“ - Македонецот Горјан Славески е новиот светски шампион во борби без ракавици Македонскиот боксер Горјан Гого Славески е новиот светски шампион во борби без р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg