Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки?

Маска за педикир

Измешајте 50 грама пире од тиква со едно јајце и една лажичка мед. Масирајте ги стапалата и глуждовите со добиената смеса, а потоа завиткајте ги во стари чорапи.

Оставете да постои околу петнаесетина минути па добро исплакнете.

esensko-razubavuvanje-nachini-na-koi-mozhe-da-ja-iskoristite-tikvata-vo-korist-na-vashata-kozha-07.jpg

Зошто тиквата е толку корисна за вашето здравје?

Покрај тоа што можете да ја користите за надворешна употреба, секако, придобивките од тиквата во вашата исхрана се големи.

Тиквата е преполна со хранливи материи кои го зајакнуваат имунитетот

Тиквата содржи многу антиоксиданти кои помагаат да го зајакнете вашиот имунолошки систем и да го намалите ризикот од одредени болести. Таа содржи и големи количини на каротеноиди, состојката која на морковите им дава портокалова боја.

Дополнително, антиоксидантите во тиквата можат да го подобрат здравјето на вашето срце и да го намалат ризикот од развој на одредени видови рак.

Високата содржина на калиум може дури и да го намали високиот крвен притисок.

esensko-razubavuvanje-nachini-na-koi-mozhe-da-ja-iskoristite-tikvata-vo-korist-na-vashata-kozha-08.jpg

Ја штити кожата од оштетување

Витамините А и Ц се вообичаени состојки во производите наменети за нега на кожа. Витаминот Ц му помага на вашето тело да создаде колаген за кожата да изгледа посвежа. Витаминот А помага за заштита на кожата и очите од штетното влијание на сонцето.

А, тиквата ги има овие витамини во изобилство.

esensko-razubavuvanje-nachini-na-koi-mozhe-da-ja-iskoristite-tikvata-vo-korist-na-vashata-kozha-09.jpg

Тиквата е нискокалорична храна

Слободно може да ја вклучите тиквата во вашата секојдневна исхрана, затоа што има многу хранливи материи, а малку калории. Затоа, не штедете кога ја додавате во супи, чорби, тестенини, десерти...

Секако, овде не заборавајте ги и семките од тиквата кои се неверојатно богати со важни хранливи материи како цинк, магнезиум и железо.

Исто така семките може да ги испечете, да им додадете малку зачини и да ги користите како здрава и крцкава ужина.

esensko-razubavuvanje-nachini-na-koi-mozhe-da-ja-iskoristite-tikvata-vo-korist-na-vashata-kozha-10.jpg

Како да изберете совршена тиква и како да ја чувате?

При изборот, избегнувајте какви било тикви кои имаат пукнатини или меки точки. Имајте предвид дека свежата тиква треба да биде цврста на допир, да има тврда кора и генерално попортокалова боја.

Сепак, бојата не е секогаш најдобриот показател за зрелост, бидејќи тиквите се среќаваат во различни нијанси на портокалово.

Што се однесува до складирањето, тиквата чувајте ја на температура од 10 до 15 степени Целзиусови. Внимавајте тиквите да не се допираат и никако да не бидат една врз друга.

Добрата циркулација на воздухот помеѓу нив ќе спречи формирање влага и ќе го забави растот на габите и бактериите од кои тиквите може да се расипат.

esensko-razubavuvanje-nachini-na-koi-mozhe-da-ja-iskoristite-tikvata-vo-korist-na-vashata-kozha-11.jpg

Па, без разлика дали ќе ја консумирате или ќе ја искористите за надворешна употреба, дефинитивно тиквата ѝ е голем пријател на вашата кожа и не треба да ја заборавите оваа сезона.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg