Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете)

Елегантни двојни плетенки

За да ја направите оваа фризура, исчешлајте ја косата надолу и добро поделете ја во две опавчиња, па потоа исплетете ги што е можно позатегнато.

Оваа фризура одлично им прилега на оние кои имаат подолга коса.

View this post on Instagram

A post shared by Glori's Braiding Bar (@glorisbraidingbar)

Високо опавче со лента за коса

Секогаш е добро да имате различни модели на ленти или марами за коса, затоа што се одличен избор за прикривање на масната коса.

Најпрво, фатете ја косата во елегантно високо опавче, а потоа изберете лента или марама за коса, завиткајте ја веднаш над линијата на косата и врзете ја.

https://www.instagram.com/p/CMvA4DWjsYL/

„Бебешки плетенки“

Направете две мали плетенки во близина на лицето, почнувајќи од самиот корен, па краевите прицврстете ги со ластичиња.

Совршени се за секојдневни излегувања или кога се брзате, а ќе ви дадат модерно решение за справување со мрсните прамени. Одлични се и за кратка и за долга коса.

View this post on Instagram

A post shared by N I N A (@ninashairsecrets)

Неуреден страничен дел на косата

Овој неуреден изглед може да го постигнете со само малку сув шампон, а сè што треба е да ја префрлите косата на едната страна и да добиете повеќе волумен.

Странична плетенка со лента

Ова модерно решение не само што ќе ви ги прикрие мрсните прамени, туку ќе ви даде и шармантен изглед.

Исплетете ја косата на едната страна, вметнувајќи во неа шарена лента. На крај прицврстете со ластиче и извлечете неколку лабави прамени.

М. Ѓ | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg