Домашен третман: Како најбрзо да ги отстраните митесерите од носот?

Со митесерите се соочува скоро секоја жена во некој период од нејзиниот живот, а мора да признаеме дека истите не се ни малку привлечна појава.

kako-najbrzo-da-gi-otstranite-miteserite-od-nisot-1

Митесерите најчесто го зафаќаат пределот од носот, брадата и челото. Но, на носот се најмногу концентрирани и ретко која пудра ќе умее 100% да ги прикрие.

Но, секогаш најпаметно е да ги отстраните, наместо да ги сокривате.

1. Најпрво, на лицето треба да направите пилинг, а најмногу внимание да обрнете на носот. Со пилингот тријте го лицето околу 10 минути.

2. Откога ќе завршите со пилингот, следно е потребно да го држите лицето во пареа. Во едно тенџерче ставете вода и неколку кесички чај по избор. Зелениот чај посебно се препорачува затоа што е силен антиоксиданс. Откога ќе зоврие водата потребно е да го држите лицето над пареата од тенџерчето, а над главата ставете пешкир за подобар ефект. Потребно е лицето да го парите 10 минути.

3. Потоа направете паста од 4 лажички сода бикарбона и 1 чаша минерална вода. Добиената паста ставете ја на лице и држете ја 10 минути, а потоа измијте со топла вода.

4. За крај, по домашниот третман нанесете хранлива крема која ќе му ја врати влажноста на целото лице.

Резултатите се видливи веднаш.

Би можело да ве интересира:

Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава