Збогум на болната депилација и влакната – го тестираме Philips Lumea

 

zbogum-na-bolnata-depilacija-i-vlaknata-go-testirame-philips-lumea-1.jpg

Сигурна сум дека не постои девојка или жена која барем еднаш во животот не помислила „Колку би било убаво кога не би имале влакна на нозете, рацете, препоните, пазувите, лицето?“. Колку би бил полесен животот без обврските за депилирање и бричење? Без постојаната грижа дали треба да одите на вежбање, а не можете да се сетите дали сте ги избричиле пазувите? Или дали на плажа добро ви се средени препоните.

Во принцип, трајната депилација секогаш повлекува и големи трошоци, па најчесто идејата застанува тука.

Следејќи ги постојано странските блогерки и  читајќи ги нивните совети и искуства, решив да му дадам шанса на Philips Lumea Prestige. Но, секако, претходно направив добро истражување за што станува збор, затоа што не би ризикувала во никој случај.


Што е Philips Lumea Prestige IPL?

zbogum-na-bolnata-depilacija-i-vlaknata-go-testirame-philips-lumea-2.jpg

Станува збор за IPL уред за домашна употреба кој го намалува растот на влакната после одреден временски период. IPL е технологија на пулсирачко светло со висок интензитет кое делува на коренот на влакната и го спречува нивното повторно растење. Истражувањето на Philips докажало значително намалување на густината на влакната веќе после 2 третмани, а оптимални резултати од 75% намалена густина на влакната би требало да се постигнат после 3 до 4 третмани.

Првите 4 третмани мора да се направат на 2 седмици и потоа процедурата се прави само за одржување – еднаш на 4 до 8 седмици (ова е индивидуално).


На кои делови од телото може да се прави третманот?

Philips Lumea е наменет за отстранување на влакната од телото  (нозете, под пазувите, бикини областа, стомакот и рамената), а со моделот Prestige добивате и додаток за бикини зоната како и за лице – надусниците, брадата и бакенбардите).


Безбедност за користење

Пред употреба важно е местото кое се третира да биде избричено, влакната може да бидат отстранети со крема за бричење или восочна и друг вид на депилација.

Важно е точно да се намести интензитетот на светлосната енергија соодветно на бојата на кожата. Во принцип, ефектот би требало да е најдобар кај бела кожа и темни влакна. Ефектот не може да се постигнува ако да се користи за бели седи влакна, црвени и светло руси.

zbogum-na-bolnata-depilacija-i-vlaknata-go-testirame-philips-lumea-3.jpg

Апаратчето има интегриран УВ филтер кој ја штити кожата од УВ зраците.

И, можеби една од најважните точки  - целиот процес е БЕЗБОЛЕН. Има 5 нивоа на кои може да се прилагоди јачината на светлината и ова зависи од типот на кожата која се третира. Најбезбедно е да проверите која јачина е препорачана за вашиот тип на кожа и да започнете со најниската. Доколку третманот е пријатен на истата јачина продолжете го или обидете се со следното повисоко ниво на јачина, но доколку почувствувате болка, намалете го интензитетот. Одредени делови од телото се почувствителни, затоа доколку почувствувате и најмала непријатност или болка намалете ја јачината.

И нели, си го правите дома, сами, кога ќе најдете време. Конечно нема да ја бркам козметичарката за термин и да трчам после работа или на пауза.

*24 часа по третманот кожата не треба да биде изложена на сонце, а 2 седмици по третманот да се користи SPF 30+. Во принцип, затоа и сметам дека најдобро е целиот процес да го почнам со време, за да може летово да го уживам без влакна.


Прв третман

zbogum-na-bolnata-depilacija-i-vlaknata-go-testirame-philips-lumea-4.jpg

Во пакувањето со Philips Lumea Prestige SC2009 добивате полнач, додатоци за депилација на препони и лице (надусници и бакенбарди) со дополнителен филтер за овие понежни делови на телото и практична торбичка за чување на апаратчето.

Уредот наликува на фен, лесен е и едноставен за користење. Со него оди и детално упатство за употреба.

zbogum-na-bolnata-depilacija-i-vlaknata-go-testirame-philips-lumea-5.jpg

Нозете, рацете, бикини зоната и пазувите ги третирав на јачина 3 и 4.

Апаратчето треба да го поставите на кожата под агол од 90 степени и штом ќе светне зелениот индикатор „Ready“ го притискате копчето и се генерира импулс.

Апаратчето е безжично и може да се користи каде вам ви одговара најмногу. 

Како за прв пат, за двете нозе ми беа потребни по околу 15 минути, за рацете 10-тина минути, за пазувите околу 1 минута и препоните околу 5 минути.

zbogum-na-bolnata-depilacija-i-vlaknata-go-testirame-philips-lumea-6.jpg

Впечатоци од првата употреба:

- Уредот е лесен и убаво лежи на рака. Фактот што е безжичен дава поголема флексибилност во движењата и е лесен за манипулирање.

- Веројатно „најтешкиот“ дел од процесот е да го погодите аголот за да се постигне комплетен контакт со кожата. Но, постои и опција со нежни лизгачки движења по телото да се постигнат автоматски импулси (на самиот уред има индикатор кој светнува зелено кога е поставен правилно). Ова овозможува импулсот да се генерира безбедно и ефикасно. После неколку минути целиот процес станува сосема природен и лесно се привикнувате на движењата.

- Пред да го вклучам првиов пат, имав сомнежи и малку страв за какво чувство ќе предизвика на кожата од причина што прв пат користам ваков производ. Затоа започнав со најниската јачина на сите зони, па полека ја покачував за да стигнам до 3-то и 4-то ниво соодветно на зоната. Целиот процес беше сосема пријатен и безболен.

- Сигурна сум дека веќе со следниот третман ќе бидам повеќе „уходана“ и целиот процес ќе оди побрзо.

Олеснителна околност е што овие делови од телото редовно ги бричам, поретко ги депилирам, па очекувам ова да биде предност за фотоепилацијата во мојот случај.

Philips Lumea кај нас може да се купи во Нептун.

Искрено, едвај чекам да го направам вториот третман и да ги споделам резултатите со вас!

Се читаме за 2 седмици!

Би можело да ве интересира:

9 грешки кои треба да ги избегнувате ако сакате младешки изглед Несоодветното руменило, како и огромните ѓердани можат да направат да изгледате ...
Трикови со кои холивудските дами ги кријат белите влакна без да ја фарбаат косата (а можете да ги ко... Волуменозни фризури, украси за коса, плетенки околу целата глава - холивудските ...
Трикови со кои секогаш ќе мирисате убаво (дури и без парфем) Антибактериските сапуни може да го нарушат природниот баланс и да ги уништат кор...
Како да се ослободите од сончевите дамки на лицето и како да спречите нови, според дерматолози Кога кожата е изложена на сонце, нејзината природна реакција е да произведува ме...
Три типа на шишки кои ќе ве подмладат по 40-тата година Многу жени се плашат да носат шишки, бидејќи мислат дека нема да можат да ги „од...
Вирално видео: Како да не ја извалкате белата кошула со пудра додека ја носите? За да ја „заштитите“ белата кошула од шминката на лицето, ќе ви треба само еден ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg