Дали е безбедно, дали боли – Што треба да знаете за отстранувањето на бенките?

По отстранувањето, дерматологот ќе ги тестира клетките на бенката за да се осигури дека не се малигни, односно дека не претставуваат ризик за рак.

Постојат и други методи за отстранување кои денес се користат поретко.

Овде спаѓаат ласери, како и отстранувањето со течен азот. Сепак, дерматолозите ги избегнуваат овие третмани бидејќи тогаш не можат да тестираат примерок од бенката.

Закрепнувањето по третманот е релативно брзо, а дерматологот ќе ви каже како правилно да се грижите за раната.

dali-e-bezbedno-dali-boli-shto-treba-da-znaete-za-otstranuvanjeto-na-benkite-05.jpg

Постојат ли ризици од отстранувањето на бенките?

Како и секој зафат, и отстранувањето на бенките носи некои ризици, но важно е да знаете дека се мали.

Дел од ризиците вклучуваат:

  • Крвавење
  • Лузна на местото на бенката
  • Инфекција
  • Оштетување на нервите

dali-e-bezbedno-dali-boli-shto-treba-da-znaete-za-otstranuvanjeto-na-benkite-06.jpg

Кога треба да се обратите на лекар по отстранувањето?

Времето на закрепнување зависи од видот на бенката, како и вашето целокупно здравје.

Во просек, на повеќето луѓе им требаат две-три недели за целосно да закрепнат.

Во овој период можете да продолжите со секојдневните активност, а можно е да чувствувате блага болка на местото на бенката.

За да избегнете компликации, задолжително следете ги инструкциите што ќе ви ги даде дерматологот.

Ако забележите проблеми за време на и по закрепнувањето, препорачливо е да одите на лекар.

Проблеми и симптоми на кои треба да обрнете внимание:

  • Постојано крвавење
  • Знаци на инфекција, како црвенило и гној
  • Повторно растење на бенката

dali-e-bezbedno-dali-boli-shto-treba-da-znaete-za-otstranuvanjeto-na-benkite-07.jpg

Можете ли сами да си отстраните бенка?

Иако на интернет можете да најдете безброј совети и трикови за „безбедно“ отстранување бенки во домашни услови, никако немојте да го правите ова.

И тоа од неколку причини:

  • Можно е да станува збор за малигна бенка
  • Можно е да не ја отстраните целата бенка
  • Го зголемувате ризикот од инфекција
  • Можете да си направите голема лузна

dali-e-bezbedno-dali-boli-shto-treba-da-znaete-za-otstranuvanjeto-na-benkite-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зошто растат влакна на бенките и дали е опасно да ги отстраните? Како на другите делови од телото, влакната се нормална појава и на бенките. Тие ...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg