И ноктите откриваат рак на кожа!

i-noktite-otkrivaat-rak-na-koza-povekjeАко забележите затемнета линија под ноктите, без разлика колку е бледа, веднаш одете на преглед. Иако „скриениот меланом“ се јавува...


...многу поретко, нема причина да ги прескокнете советите за рано откривање на најсмртоносната форма на рак на кожата.

Најчесто рак на кожата се јавува на површини кои се редовно изложени на сончевите зраци, па веќе знаеме дека треба што е можно помалку време да минуваме на сонце и при самопреглед да обрнеме внимание на промените кај бемките. Но, малкумина знаат дека постои и таканаречен скриен меланом што може да се забележи на ноктите.

i-noktite-otkrivaat-rak-na-koza

Меланомот под ноктите еднакво често се појавува кај мажи и жени, под ноктите и на рацете и на нозете, а најчесто се забележува на само еден прст. За жал промените на ноктите не се сфаќаат како сериозен показател на болест, а од естетски причини жените многу често се трудат и да ги покријат симптомите со лакирање или надградување.

Симптоми:

- Најчест симптом е кафена или црна лента под ноктот, што многу луѓе го игнорираат сметајќи го за безопасна промена или модринка поради удар.

- Кожата до ноктот потемнува - напредна фаза на болеста

- Ноктот изгледа деформирано или се одвојува од кожата под него.

- При самопреглед не ги заборавајте и помалку видливите делови од кожата, како под пазувите, меѓу ножните прсти и главата (зад ушите, покриено со коса/брада). За деловите што не може да се проверат при самопреглед (очите, во носот, во устата, гениталии, анус) се препорачуваат годишни лекарски прегледи.

Би можело да ве интересира:

Помалку познати симптоми на рак на дојка што е добро да ги знаете Ако забележувате исцедок од брадавиците, а не доите и не сте бремени, тогаш конс...
Храна и пијалаци што ќе ви помогнат ако се прејадете за време на празниците (ја намалуваат подуеност... Краставиците содржат висок процент на вода и го хидрираат телото, па може да пом...
Видови болка што ги поврзуваме со возраста, но можат да бидат и знак за нешто посериозно Болката во долниот дел од грбот обично ја припишуваме на возраста, но и на често...
Умерено јадење и уште четири работи што докажано го продолжуваат животот, според науката Доволно е да одвоите само 20-тина минути дневно за физичка активност за да забел...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg