Здравје
Зошто да вежбате?

zosto-da-vezbate-povekjeРедовното вежбање делува на вашата кожа, срце, расположение, дури и на кариерата. Да ги погледаме причините зошто е добро да се вежба.


Здраво срце
Вежбањето го тера вашето срце да пумпа крв, бидејќи и срцето е мускул, тоа на тој начин станува поздрави и поиздржливо. Болестите на срцето се чести, а вежбањето може да ги смири.

Подобри резултати на работа
Многу истражувања ја поврзуваат продуктивноста на работа со вежбањето. Едни објаснуваат дека тоа е затоа што вежбањето ви дава шанси да го испразните умот од проблемите, додека други веруваат дека е затоа што додатниот ендорфин помага луѓето да се чувствуваат поодморени и полни со елан.

Јакнење на коските
Доколку сакате силни и здрави коски во подоцнежните години, би требало повеќе да вежбате. Кревањето на тегови помага во борбата против остеопороза.

Чиста кожа
Иако на прв поглед делува дека потта која се лачи поради вежбањето ќе доведе до појава на бубуљици на кожата, тоа не е вистина, бидејќи зголемениот проток н крвта во вашето лице и исфрлањето на нечистотијата преку потта го подобруваат изгледот на вашата кожа.

zosto-da-vezbate

Зголемена енергија
Навистина по вежбањето ќе бидете уморни, но веројатно една од најголемите предности на вежбањето е зголемувањето на енергијата подоцна. Луѓето што редовно вежбаат помалку се жалат на умор преку ден.

Подобар сон
Вежбање неколку пати во текот на неделата делува позитивно на квалитетот на сонот. Прво, помага да дишете правилно, телото е поуморно па затоа и сонот е подлабок.

Подобар имунитет
Редовните вежби можат да му помогнат на вашето тело да се избори со настинките, грипот и другите вируси, но немојте да претерувате, сè што е претерано не чини.

Ќе бидете посреќни
Факт е дека и оние што мразат да вежбаат се чувствуваат многу подобро по вежбањето. Тоа е затоа што мозокот испушта поголеми количини ендорфин, кој делува на подобрување на расположението со часови, понекогаш и со денови по вежбањето.

CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини:
Позитивни мисли = јак имунитетПозитивни мисли = јак имунитет...
Понекогаш можете да се чувствувате болно само поради помислата дека би можеле да се разболите. За оваа констатација во последно време научниците ...
13 причини да НЕ пушите13 причини да НЕ пушите...
Ако пушите, веројатно сте свесни дека треба да престанете. Ние нема да ви солиме памет, само ќе се обидеме да ви воочиме зошто не е убаво да пуши...
Стравот е најсилната емоцијаСтравот е најсилната емоција...
Од сите емоции најсилен е стравот. Најчести видови страв се страв од осаменост, болест, смрт, губење на љубовта, губење на работата, страв за идн...
Коментари (2)Add Comment
...
напишано од Гоце, 27 February 2012
Маса је мама
...
напишано од kvgjhvgh, 22 February 2012
smilies/grin.gif

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 


Гледајте онлајн

Слушајте онлајн

Онака

" Утрешниот ден е најважното нешто во животот. Доаѓа на полноќ многу чист. Совршен е кога пристигнува и се сместува во нашите раце. Се надева дека сме научиле нешто од вчерашниот ден. "
Џон Вејн (1907-1979)