|
Постојано работите. На работа, после работа, пред спиење, а кога ќе си легнете повторно мислите на работа? Да, разбираме – млади сте, ви...
...требаат пари, уживате додека работите, но годините летаат, а вие ќе почнете да ги чувствувате последиците од прекумерно работење, но ќе биде дозна.
Дури и ако ви е сето ова за пари, парите не вредат за да се справувате со следново:
1. Го зголемувате ризикот за депресија. Едно истражување на британски и фински научници вели дека луѓето кои работат 11 или повеќе часа на ден имаат два пати поголем ризик од појава на депресивни епизоди во споредба со оние кои работат стандардно 7 до 8 часа на ден. Заради работата поминуваат помалку време со семејството и пријателите, а имаат и помалку време за себе. Премалку спијат и немаат време за вежбање и исхрана.

2. Штети на срцето. Ако со годините почнете да зборувате дека работата ќе ве докрајчи, можеби и сте во право. Оние кои работат 10 часа на ден имаат околу 60% поголеми шанси да развијат срцева болест или да добијат срцев удар, во споредба со оние кои работат до 8 часа на ден. И за ова не е виновен стресот, затоа што обично ако работите прекувремено не значи и дека ви е стресна работата. Причина е повеќе немање време за здрави навики во животот.
3. Прекувременото седење – убиствено за целиот организам. Седењето на столче пред мониторот цел ден е посебно штетно. Хроничниот проблем со кичмата е оној кој ќе ве потсетува дека не треба да поминувате цели денови на столче.

4. Премногу стоење и физичка работа. Напорно е да се седи, но и оние кои работат стоејќи и физички работи исто така патат. Кичмата го носи целиот терет на работата.
5. Ненаспаност. Проблеми со неспиење, несоница, подочници, премореност на работа. Следи и слаба концентрација и неможност да си ги завршите обврските на време.

6. Ризик од деменција. Когнитивното оштетување во средните години е еден од факторите за појава на Алцхајмерова болест и други облици на деменција. Истражувањето објавено во "American Journal of Epidemiology" покажува дека прекувремената работа во средните години доведува до опаѓање на когнитивните функции и затоа се појавува деменција. Слични истражувања потврдуваат дека на мозокот не делуваат само бројот на работни часови, туку и должината на смените.
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини: Навики кои ги оштетуваат забите...Пред да ставите било што во уста, сетете се какво влијание може да има истото врз вашите заби. Врз уништување на забната глеѓ влијаат...
... Како побрзо да заспиете?...Недостатокот на сон, а воедно и лошиот сон не треба да се игнорираат. Резултатите од недостатокот на сон највеќе се гледаат во лошата продуктивно... Машка менопауза..."Адренопаузата" може да почне веќе и на 35 години, а симптомите постојат иако се помалку воочливи отколку кај жената. Иако за тоа во...
...
 |