Едноставни навики за пријатно будење и поубав ден

Будењето во раните утрински часови е навистина тешко, но во студените зимски утра тоа станува речиси невозможно.

ednostavni-naviki-za-prijatno-budenje-i-poubav-den

За да го поедноставите будењето и станување од кревет, испробајте ги следниве неколку совети кои навистина помагаат.

Спијте колку што можете повеќе. Не се залажувајте дека 4 до 5 часа ви се доволни. Колку помалку спиете толку попримамливо ви е излежувањето наутро. Организмот не е доволно одморен за новиот ден, се будите уморни, а сигурно сте забележале и како ви е се поладно кога сте ненаспани.

Не се лажете дека топлото кафе или алкохолот ќе ви помогнат да се затоплите. Напротив, алкохолот и кафето само ви штетат на сонот. Подобро навикнете се да пиете топол чај или засладено млеко еден час пред спиење – ќе ви помогне да се затоплите без да има штетно влијание на сонот.

Мирисот на кафе од кафемат може навистина да помогне. Освен вкусот на јако кафе, позитивно на будењето влијае и мирисот. Прекрасно е да го почувствувате мирисот на кафе додека на брзина си подготвувате појадок, зар не?

Доколку имате малку вишок време вежбајте. Не ви е потребна којзнае колкава физичка активност – 10 минути растегнување е доволно за да ви се подобри циркулацијата.

Топлиот туш помага повеќе отколку врелиот. Уште една заблуда е дека врелата вода помага при затоплување на телото. Нема потреба да го загреете телото на 5 минути за потоа веднаш да се олади. Топлата вода многу побрзо помага за циркулацијата на крвта отколку врелата.

Разбудете се со ладна вода. Избегнувајте лицето да го миете со топла вода – студената вода е прав избор кога сакате да се разбудите за секунда.

Разбудете се во топол кревет. Во текот на ноќта оставете си едно ќебе плус, за секој случај, пар чорапи или наметка. Подобро разбудете се топли и наспани, отколку наутро да се излежувате за да се затоплите.

Не заборавајте топло да се облечете штом ќе го напуштите креветот и зимското утро може да започне многу подобро од претходно.

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg