Зошто ни кркори желудникот кога сме гладни?

Необичните звуци кои доаѓаат од нашето тело како кркорењето во желудникот, понекогаш може да не доведат во непријатна ситуација. Зошто се случува тоа и дали е нормална појава?

zosto-ni-krkori-zeludnikot-koga-sme-gladni

Непријатните звуци кои што доаѓаат од желудникот може да се случат во незгоден момент, но мора да знаеме дека станува збор за сосема нормална појава која не можеме да ја контролираме, но можеме да ја ублажиме. Ако милсите дека желудникот кркори затоа што сте гладни, не сте во право. Следниот пат кога ќе ви се случи тоа не мора веднаш да се упатите кон фрижидерот.

Не станува збор за желудникот, туку за цревата, односно за процесот на варење која ја вржи својата работа потиснувајќи ја храната сè подлабоко па со самото тоа произведува непријатни звуци – кркорење.

Вишокот од воздух кој го има во цревата најчесто го исфрламе со ждригање или исфрлање на гасови кои исто така може да бидат непријатни како за вас, така и за тие околу вас.

Со голтањето освен храната и пијалакот се проголтува и одредена количина воздух. Со џвакањето на гуми за џвакање, пушењето, лижењето тврди бонбони или лижавчиња, како и при пиењето сок со цевка, во желудникот се внесува дополнителна количина воздух кој завршува во системот за варење.

Истото важи и за храната богата со растителни влакна, како што се интегралниот леб, гравот, карфиолот и брокулата, газираниот пијалак и пијалакот засладен со вештачки засладувачи.

Таквата храна бргу се разградува во нашите црева и при тоа ослободува одредена количина на гасови поради кои се чувствуваме надуено и испуштаме чудни звуци.

Затоа следниот пат кога вашиот желудник ќе се огласи, немојте да итате кон фрижидерот, туку почекајте, а кога навистина ќе огладнете, уживајте во конкретниот оброк.

Би можело да ве интересира:

Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...
Зошто имате испакнати вени (и кога треба да одите на лекар)? По интензивна физичка активност, нормално е вените да изгледаат испакнато. Исто ...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...

Најчитани неделава