Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Храна која ја поттикнува концентрацијата и го изострува умот

Дали понекогаш се будите уморни? Дали чувствувате дека ви е тешко да се сконцентрирате повеќе од неколку минути? Иако, најлесно е да се обвинат годините, или недостатокот на сон, одговорот за бистра глава и чисти мисли можеби буквално се наоѓа во чинијата.

hrana-koja-ja-pottiknuva-koncentracijata-i-go-izostruva-umot

Ако внесувате храна која на вашиот мозок му обезбедува доволно витамини и хранливи материи, ќе му помогнете да се „разбистри“.

Еве кои намирници ја растеруваат маглата во мозокот.

Авокадо
Авокадото е добар извор на здрави маснотии и прави чуда во поттикнувањето на циркулацијата. Ова е важно кога станува збор за силата на мозокот бидејќи е поврзано со протокот на крвта во мозокот кој е неопходен за негово нормално функционирање.

Сардина
Есенцијалните Омега 3 масни киселини кои ги има во сардините имаат голема концентрација на DHA масна киселина која е клучна за одржување на здрав нервен систем. Ниското ниво на оваа супстанца го зголемува ризикот од Алцхајмеова болест и губење на помнењето. Оваа риба исто така содржи и јод кој помага да се одржи менталната бистрина.

Интегрални жиратици
Ова се намирници кои ја подобруваат циркулацијата и помагаат да се одржи нивото на глукоза во крвта, а што е постабилно нивото на глукоза во крвта, полесно се концентрираме. Поради ова е важно да појадуваме, бидејќи овој оброк не го придвижува само метаболизмот туку и го одржува нивото на шеќер во крвта избалансирано.

Шеќер
Шеќерот му е омилена храна на мозокот и извор на гориво, но пред да посегнете по омиленото благо сетете се дека глукозата е она што му треба на вашиот организам. Чаша сладок пијалак многу бргу ќе ви го прочисти умот и ќе ви помогне да се сконцентрирате. Сепак премногу шеќер може да резултира со успорување на меморијата, па затоа бидете умерени.

Кофеин
Исто како и шеќерот и кофеинот ја подигнува мозочната активност, но ако се претера со него, би можел да влијае на менталното здравје. Кофеинот кој го има во кафето, чоколадото, енергетските пијалаци и некои лекови, го дава она препознатливо чувство на разбуденост. Имајте предвид дека неговите ефекти се краткотрајни, а ако претерате мозокот може да се префорсира и да ве направи повеќе напнати, отколку способни бргу да размислувате.

Јаткасто овошје и семки
Ова е одличен извор на витамин Е кој делува когнитивните способности со годините помалку да опаѓаат. Добра порција на витамин Е треба да делува многу позитивно на меморијата. Други одлични извори на витамин Е се зелениот зеленчук, интегралните житарици, јајцата и жолтиот ориз. Семките од тиква исто така ја згоелмуваат силата на мзоокот, а со нив се внесува и дневната доза на цинк кој исто така помага при размислувањето.

Боровинки
Боровинките и јагодите содржат антиоксиданси кои ги штитат невроните на мозокот од оштетување, градат рецептори за комуникација помеѓу мозочните клетки и од мозокот го исфрлаат вишокот. Боровинките содржат и витамин Ц кој веќе подолго време се смета за поттикнивач на менталната агилност.

Жалфија
Жалфијата одамна има репутација на голем сојузник на мозокот и меморијата. Иако се препорачува да се проба масло од жалфија, неговата употреба во исхраната во сите облици, нема да ви наштети.

Домат
Ова растение содржи ликопен, силен антиоксиданс кој штити од слободни радикали кои со своето дејство на клетките од мозокот може да го забрзаат развојот на деменција, особено Алцхајмерова болест.

Брокула
Брокулата е одличен извор на витамин К кој е познат по тоа што ги поправа мозочните функции и ја зајакнува мозочната активност.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Исповед на скопјанка: „Влегов во менопауза и почнав да се менувам - зошто сакам да ‘излезам’ од сопс... „Топло-ладните флешови ги замени нешто уште пострашно - неконтролирано ноќно пот...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Витамини кои се неопходни за женското здравје + во која храна се наоѓаат? Фолната киселина е особено важна за бремените жени, додека антиоксидантите можат...
Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg