Зошто да го започнете денот со лимон и вода?
Незадоволни сте од состојбата на вашиот организам? Ако конечно одлучивте дека наутро ќе применувате барем еден здрав ритуал, одбере тоа да биде нешто лековито и нешто што не одзема премногу време – чаша топла вода со лимон.
Кои се предностите на овој пијалак?
Го зајакнува имунитетот. Овој пијалак е богат со витамин Ц и калиум кој ги стимулира мозочните и нервните функции и го регулира крвниот притисок.
Ја регулира pH вредноста. Лимонот е алкална храна. Да, на вкус можеби е и повеќе од кисел, но во нашите тела тие не создаваат додатна киселост.
Помага при слабеењето. Лимонот е богат со пектин, кој меѓу другото, ја смирува потребата за храна.
Го забрзува метаболизмот. Топлата вода служи за забрзување на метаболизмот, а лимонот и лиметата имаат големо количество на витамини и минерали кои помагаат за исфрлање на токсините.
Ја чисти кожата. Витаминот Ц помага да ги намалите борите и неизедначениот тен. Лимонот и водата се одлични производи кои ги чистат токсините од крвта и ја чуваат кожата здрава.
И што е најважно, ваков хидратантен почеток на денот секој може да си дозволи. Затоа, секое утре започнувајте го на овој здрав начин и резултатите ќе ги забележите по само неколку недели.
Би можело да ве интересира:





