Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Знаци кои упатуваат дека патите од депресија

Сосема е нормално во текот на животот да поминете низ одредени турбуленции. Па така, некогаш ќе бидете блиску до ѕвездите, а некогаш ќе го допрете самото дно.

znaci-koi-upatuvaat-deka-patite-od-depresija-1

Депресијата е сериозно нарушување, од кое патат прилично голем број на луѓето ширум светот, без да знаат.

Доколку забележите некој од следниве знаци, би било добро да побарате помош:

1. Вашите навики за спиење се далеку од здрави

Луѓето кои патат од депресија, најпрво се жалат на проблеми со спиење. Тие проблеми вклучуваат тешкотии при заспивање, несоница или пак спиење во текот на целиот ден.

2. Деконцентрација

Луѓето кои патат од депресија често имаат проблем со концентрација, без разлика дали станува збор за едноставни или сложени работи. Тука може да се вклучи и тешкото разбирање на она што го читате и неспособноста да запомните специфични детали.

3. Чувство на безнадежност

Чувството на безнадежност најчесто се појавува кај луѓето со клиничка депресија, а истата може да биде и една од најтешките емоции кои некогаш сте ги доживеале. Тука спаѓаат чувството на незадоволство, неуспех и уверувањето дека ништо нема да се подобри.

4. Промени во исхраната

Личностите кои патат од депресија често доживуваат и одредени промени во исхраната. Некои во целост го губат апетитот, што доведува до драматично намалување на телесната тежина, а некои пак имаат чувство дека не можат да престанат да јадат.

5. Чувство на безвредност

Депресијата може да ги зголеми чувствата на самопрезир, безвредност и чувството на вина. Често пати, овие луѓе се самокритички заради работи кои навистина се случиле, но и поради замислени грешки.

6. Физичка болка

Депресијата, покрај менталната болка, се одразува и на физичкото здравје. Зголемената болка во мускулите, силните главоболки и болките во стомакот и грбот, можат да бидат првите знаци на депресија.

Би можело да ве интересира:

Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
8 причини за болка во градите кои не се ПМС Покрај хормоналните промени за време на ПМС, и други фактори можат да предизвика...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
„По 20 години болни менструации од кои губев свест, ми дијагностицираа ендометриоза“ Млада Британка две децении имала обилни и толку болни менструации, што некогаш г...
Проблеми со стомакот кои можат да бидат знак за некое заболување Силната и нагла болка во долниот десен дел од стомакот може да биде знак за восп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg