5 природни лекови против болки во грлото

Растворот од сол и топла вода ги убива бактериите и се бори против воспаленијата, а ова го прави одличен домашен лек против болките во грлото.

5-prirodni-lekovi-protiv-bolki-vo-grloto-01.jpg

Голем дел од луѓето, кога се работи за болки во грлото, не посегнуваат по силни хемиски супстанции и преферираат природни или поблаги лекови со кои сакаат да ги ублажат болките.

Што може да понуди природата кога се работи за болки во грлото?

Мед

Медот навистина помага во ублажувањето на симптомите на настинка. Природниот мед има силно антибактериско дејство, благодарение на што го зајакнува имунолошкиот систем и обезбедува превенција од воспалителни процеси.

Покрај тоа, медот е извор на антиоксиданти – фенолни киселини и флавоноиди. Тие обезбедуваат заштита на клетките од оштетување од слободните радикали, ја подобруваат состојбата на кожата и го спречуваат стареењето.

Главната работа што треба да ја знаете е дека медот не се раствора во топла течност: под влијание на високи температури, тој ги губи своите корисни својства.

5-prirodni-lekovi-protiv-bolki-vo-grloto-02.jpg

Сол

Полевањето сол на рана, се разбира, не е препорачливо, но плакнењето на грлото со физиолошки раствор може да помогне. Солта е одличен антисептик кој ги убива бактериите и активно се бори против воспаленијата.

Растворете една лажичка сол во чаша топла вода. Плакнете го грлото со добиениот раствор што е можно почесто (ако е можно, до 6 пати на ден). Ќе забележите подобрување по само неколку дена.

5-prirodni-lekovi-protiv-bolki-vo-grloto-03.jpg

Сок од лимон

Друг одличен антибактериски агенс е природниот сок од лимон. Богат е со витамин Ц и природни овошни киселини кои можат да го зајакнат имунолошкиот систем и да ги убијат бактериите кои предизвикуваат болести.

Во чаша топла вода додајте свежо исцеден сок од половина лимон и плакнете го грлото неколкупати на ден.

5-prirodni-lekovi-protiv-bolki-vo-grloto-04.jpg

Сода

Уште една медицинска состојка за плакнење на грлото. Вкусот не е многу пријатен, но многу лекови можат да ѝ позавидат на ефикасноста на содата. Содата, како и солта, е моќен природен антисептик кој може да помогне во борбата против воспалението и бактериите.

Доколку во еден раствор измешате сода и сол, лекувањето на воспаленото грло ќе биде двојно поефикасно.

5-prirodni-lekovi-protiv-bolki-vo-grloto-05.jpg

Фенугрик – семе од тилчец

Семките од тилчец се едни од најмоќните природни антисептици. Ја ублажуваат болката, го намалуваат воспалението и помагаат во процесот на побрзо заздравување.

Може да направите лековити „инфузии“ од семе од тилчец. Потребни ви се 3 лажици семки кои ќе ги прелиете со литар ладна вода и ќе ги оставите да се варат 4-5 часа.

Добиената течност може да се пие (не само што ќе ви помогне против настинки, туку и ќе го подобри варењето) или да се користи за плакнење на грлото.

5-prirodni-lekovi-protiv-bolki-vo-grloto-06.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg