Како да ја подготвите новогодишна вечера без стрес и паника?

Освен зимата, декември со себе ја носи и празничната еуфорија која сѐ повеќе носи стрес. На работа, крајот на годината подразбира хаос, бидејќи сите сакаат сѐ и веднаш, затоа што во Новата година мора да се влезе со чисти сметки.

kako-da-ja-podgotvite-novogodishna-vechera-bez-stres-i-panika-01.jpg

Дома се наталожува работа преку глава, затоа што сте изморени од работата што веќе сте ја завршиле на работното место. А, украсувањето дома како главна атракција секоја година на крајот од месецов, како и купувањето подароци со себе носат бројни стресни ситуации.

Ако дочекот за Новата година го поминете во својот дом, без разлика дали ќе имате гости или веќе сте се одлучиле да ја дочекате во кругот на семејство, сепак почнете на време со подготовките за новогодишната трпеза.

kako-da-ja-podgotvite-novogodishna-vechera-bez-stres-i-panika-02.jpg

Неколку дена (или барем еден ден) порано отидете со список во продавница и купете ги сите неопходни намирници. Доделете им задолженија на другите, со цел да си ја олесните целата работа.

Добрата организација е клуч на успехот, затоа смирено влезете во целата подготовка за новогодишната ноќ. А, еве и како:

Добрата организација прави чуда

Пред да почнете со самото подготвување и правење на храната којашто ќе ја послужите како новогодишна вечера, потребно е да направите список со обврски.

На хартија напишете сѐ што ви е потребно од намирници за да вашата трпеза биде совршена. Потоа, направете план кое јадење треба да го подготвите последно со цел да биде свежо на самата новогодишна ноќ.

Побарајте помош, бидејќи не се очекува од вас сѐ сами да направите. Со добра организација ќе заштедите на време, ќе се спасите и себеси од непотребно нервирање, а вашите домашни ќе бидат поштедени од нервозата и негативната енергија која инаку би ја ширеле околу себе.

Почнете неколку дена порано

Со самата подготовка на трпезата почнете неколку (или барем еден) дена порано. Може да почнете со некој лесен и брз десерт. Направете место во фрижидерот и оставете го вашиот десерт да ја дочека новогодишната ноќ.

Ако се одлучите за нешто со варена зелка како едно од главните јадења, тогаш исто така и неа можете да ја направите еден ден порано, бидејќи таа може да стои подолго во фрижидер без да се расипе.

Разните сосови, паштети и намази можете да ги подготвите исто еден ден порано. Смесата за полнење можете да ја замрзнете, па ако се одлучите за полнети пиперки и сарми, подгответе ја смесата порано и ставете ја во замрзнувач до моментот кога ќе ги виткате сармите или ќе ги полните пиперките.

kako-da-ja-podgotvite-novogodishna-vechera-bez-stres-i-panika-03.jpg

На самиот ден на дочекот, бидете одморени за да ви успее секое јадење

Пред да влезете во кујната и да го вклучите шпоретот, направете список или мени со храна која не смеете да заборавите да ја направите. Извадете сѐ од фрижидерот, освен тортата, за да можете да се потсетите што сѐ имате веќе подготвено.

Кога ќе ставите сѐ да се крчка, почнете со поставувањето на масата и со декорирањето на новогодишната трпеза. Најдете некоја опуштена музика и остатокот од денот можете да го поминете подготвувајќи се себеси за празничната ноќ.

М. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
Бели дрвени врати: Зошто пожолтуваат и како да ги одржувате? Неквалитетна боја, но и грејни тела кои се наоѓаат во близина - зошто пожолтуваа...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg