Направете сами: Eколошко универзално средство за чистење на домот

Многумина се сомневаат во ефикасноста на домашно направените средства за хигиена. Сепак, не само што е возможно сами да направите темелен чистач за вашиот дом, туку тоа може да го сторите на економичен, еколошки и забавен начин.

Napravete-sami-ekoloshko-univerzalno-sredstvo-za-chistenje-na-domot-01.jpg

Со ова универзално средство може да чистите различни површини во домот, а неговата подготовка нема да ви одземе повеќе од 5 минути.

Важно е да се напомене дека во случај на употреба врз дрвени површини, препорачливо е да се користи исклучиво за лакирано дрво.

Состојки:

  •  1/2 шолја бел оцет со 9% алкохол
  • 1 лажица боракс
  • 1 лажица хидроген 3%
  • 2 чаши топла вода
  • исцеден сок од 1 лимон
  • гранче рузмарин (по избор)
  • есенцијално масло (по избор)

Подготовка:

Во длабок сад се става 1 лажица боракс, се полева со двете чаши топла вода и се меша додека да се раствори. Потоа, се додаваат хидрогенот, оцетот и сокот од лимон, повторно се меша, а на крај се додава есенцијалното масло.

Целата смеса се претура во шише со прскалка, во кое може претходно да ставите гранче рузмарин и средството е подготвено за употреба.

 За состојките:

  • Боракс е природен минерал, во форма на прашок кој можете да го најдете во аптеките, по цена од околу 40 денари. Тој дејствува како дезинфекциско средство и отстранува маснотии.
  • Хидрогенот исто така може да се најде во аптека, по цена од околу 30 денари. Не се препорачува да се користи хидроген со повеќе од 3%. Тој е силно антибактериско средство, убива салмонела, дезинфицира и остава сјај на површините.
  • Оцетот и лимонот поради големото ниво на киселост веднаш ги убиваат бактериите.
  • Есенцијалните масла се концентрати од различни растенија кои имаат антибактериско дејство и испуштаат пријатна миризба.

А.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Едноставни домаќински трикови што ќе ви бидат од корист Употребете ракавица за да ја избришете прашината од предметите во домот. Кои дру...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Работи што ги имате дома кои е препорачливо да ги менувате со нови еднаш годишно Пластични садови за храна, завеса во бања и четка за коса – некои предмети во до...
Трикови со кои во кујната сè ќе ви биде како „под конец“ Чистете ја корпата за отпадоци со парче лимон и искористете ја внатрешноста од в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg