Како да го поттикнете цветањето на орхидеите?

Орхидеите се едни од најубавите собни билки кои можат да го исполнат секој простор со елеганција.

kako-da-go-pottiknete-cvetanjeto-na-orhideite-01.jpg

По правило, ја купуваме кога цвета, па по неколку месеци цветовите опаѓаат. Тогаш сите се прашуваат дали нешто прават погрешно.

Просечното цветање на орхидеите трае 3 месеци и обично тоа се случува два до три пати годишно.

Паузата помеѓу цветањата може да биде одложена и за неколку месеци.

Ако сте нетрпеливи, сепак може да го забрзате растот на цветови со помош на следниве совети:

1. Создадете температурна разлика. Ставете ја саксијата навечер на постудено место, до 15 степени.

2. Намалете ја количината на азот во дохраната.

3. Влажнете го воздухот околу билката.

4. Преместете ја саксијата на 4-5 дена на темно место. 3 недели подоцна орхидејата ќе пушти пупки. Овој начин е погоден само за веќе развиени и здрави билки.

5. Наместо ставање вода, се препорачува во саксијата да се стават неколку коцки мраз. Така ќе го поттикнете растот и цветањето.

Најважно е секојдневно да и овозможувате светлина. За време на цветањето залевајте ја двапати неделно, а за време на мирувањето - доволно е еднаш неделно.

kako-da-go-pottiknete-cvetanjeto-na-orhideite-02.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...
Како да ги чистите и одржувате бели декоративните каменчиња во градината? Светлата боја на декоративен камен со текот на времето може да изгуби дел од сво...
Како да се грижите за примула, цвеќе кое е популарно во рана пролет? Примулата е многу распространето цвеќе кое речиси сите го поседувале барем еднаш...
Цвеќе со опоен мирис – Совети за нега на алисум, народно познат како меден цвет Алисиумот има слатка арома, слично како медот. Неговите цветови растат заедно во...
6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“ На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлин...
Дворче во Битола е мевлем за очи - со летниковец, црвени петунии и сардели (фото) Да посакате да сте седнати во дворчето навечер, пред зајдисонце, за да го впиете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg