Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Заради овој луксуз ќе посакате да дојде крајот на светот

Ако знаете колку луксузно може да живеете по апокалипсата, веднаш би посакале да се случи. Можеби за тоа не се знае со сигурност точниот датум, но некои луѓе веќе се обезбедиле со удобно место за живеење каде нема да си го нарушат досегашниот живот.

luksuzno-smestuvanje-po-apokalipsata-koe-ke-go-posakate-01

Група архитекти одлучиле еден стар дрвен силос во Канзас, каде се чувале нуклеарни ракети, да го претворат во луксузни станови за постапокалиптичниот период.

Со оглед на тоа што цените се движат од 1, 5 милиони долари па до 3 милиони, зависно од големината на станот, не се очекувало дека ќе им биде толку успешна продажбата.

Сите станови на 14 ката кои се наоѓаат 53 метри под земја се веќе распродадени и се гради нов комплекс.

Овде, покрај удобното сместување, ќе бидат обезбедени резерви на храна, пречистена вода, кино, базен, па дури и вештачки прозори кои ќе прикажуваат идилични пејзажи од светот кој го знаеме денес, а тогаш ќе биде целосно уништен.

Овој комплекс е тестиран и може да издржи сè, од нуклеарен напад до каква било природна катастрофа.

Во случај да има апокалипса, одредена група луѓе тоа нема да го преживеат толку тешко, бидејќи имаат удобно сместување каде може мирно да уживаат.

Вака изгледа проектот на архитектите:

Вака изгледа внатре:

Би можело да ве интересира:

Не е Лапонија, Скопје е – Иглу сместување среде дивина со поглед на Езерото Козјак (фото) Спална со кревет под ѕвездите, прво утринско кафе среде дивина, па дури и тушира...
Празничниот дом на Боро во Скопје воодушевува: „На елката доминира стаклен украс од Шведска“ „Веќе од средината на септември ја имам замислата за празнично украсување на дом...
Тајно кафуле во срцето на Солун со винтиџ детали и многу цвеќе (фото) Oва необично кафуле-цвеќарница, кое е скриено од погледите на минувачите, а сепа...
На гости кај Ева Јакимовска: Стан од 65m2 во Скопје на поткровје со закосени тавани, во кој преовлад... „Имав желба да имам мое катче за шминкање во спалната соба, простор кој е лично ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg