Предлог идеја: Мал удобен стан за семејство со едно дете (фото)

Комфорот кој овој стан го нуди е ставен во преден план во поглед на организацијата на целокупниот простор со кој тој располага.

Komforen-stan-za-semejstvo-so-dete-01

Дневниот престој и трпезаријата се сместени во една просторија со тоа што самата поставеност на трпезариската маса до големиот прозорец овозможува значително навлегување на светлина, a собата дополнително визуелно се зголемува.

Кујната е одделена од дневниот простор со помош на лизгачка стаклена врата со што се овозможува физичка раздвоеност, но сепак стаклото на вратата на некој начин ја анулира таквата одвоеност. Покрај стандардните елементи таа вклучува и мала шанк масичка каде може да се појадува без да се прави неред во дневната соба.

Спалната е голема и функционална, со помошна тераса и вграден гардеробер. Одбрани се неутрални тонови кои нудат чувство на релаксација кое е толку потребно после напорен работен ден.

Посебен акцент е ставен врз собата на најмладиот член на семејството, која претставува вистинско детско царство во кое би сакало да престојува секое дете.

Со заградувањето на терасата добиени се два физички поврзани дела од кој првиот е посветен на времето за игра, а вториот на времето за учење.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стан во Гостивар со природна елка е како сцена од празнична бајка (фото) „Оваа година се одлучив за природна елка со ситни лампиони. Дома секоја година н...
Кул пекарница во Солун, со највкусните кроасани - „Senol“ е уживање за сите сетила Во близина на шеталиштето покрај море, во срцето на Солун, се наоѓа необична пек...
На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
Како изгледаат некои од најубавите детски градинки низ Европа? Инспиративни простори, места за слободни активности, училници кои се игриви и ко...
На гости кај Тина и Даниел во Илиноис: Семејна куќа на Македонци од 600m2, лоцирана на голф терен (ф... „Стилот на куќата е класичен и модерен, со главен фокус на дневната соба во која...
На гости кај Александра: Празнично украсен стан во Скопје, во кој е накитено дури и во кујната (фото... „Традиционално, украсувањето во мојот дом започнува од нејзиното височество - ел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg