Најлуксузниот апартман на светот се наоѓа во Женева (фото)

„The Royal Penthouse Suite“ апартманот во хотелот „Hotel President Wilson“ во Женева е еден од најголемите во Европа со 1.680 квадратни метри и еден од најлуксузните во светот.

najluksuzniot-apartman-na-svetot-se-naogja-vo-zeneva-foto-01.jpg

Досега го посетиле многу претседатели на држави и познати личности. Тој дури ја има добиено наградата „World’s Leading Hotel Suite“.

Се наоѓа на осмиот, последен кат од хотелот и има панорамски поглед на Женевското Езеро, кој го одзема здивот. Тој ги задоволува критериумите и на најпребирливите гости и има 12 луксузни спални со тоалети со мермер и џакузи со поглед на езерото, сауна, трпезарија за 26 луѓе и многу други погодности.

Во апартманот има еден од најголемите ТВ екрани на светот, пијано, билијард, колекција антички книги, уметнички дела и приватен фитнес центар.

Во секој поглед ќе добиете максимален луксуз во овој високо обезбеден апартман со прозорци отпорни на куршуми, сефови, копчиња за паника и приватен лифт.

Едно ноќевање во овој апартман во Женева чини дури 81.000 фунти од ноќ.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Владо и Слаѓана од Кичево имаат двор за мерак – оаза уредена со клупи од палети, летниковец и импров... „Тајната за убавиот двор е во неговото одржување и во тоа што секој ден одвојува...
Локал покрај море во Солун - „Les Zazous“ е уживање за сите сетила (фото) Овој ресторан со модерен амбиент им е омилен на инстаграмџиките. Од поглед кон м...
Урбано кафуле во Скопје со совршен ентериер и кул детали (фото) Ако сте за кафе муабет во локал со доза интимност и урбана нота, тогаш ова месте...
Инстаграмџиски рај: Локал во Будимпешта е вистинска зелена урбана оаза (фото) Најзелениот ресторан во Унгарија ќе ви го нахрани не само телото, туку и душата....
На гости кај Татијана: Стан од 64м2 во Влае со свое дворче, минималистичко уредување и златни детали „Купувањето свој прв дом и на 38 години е голем чекор. А јас отсекогаш мечтаев з...
Локал во Скопје е како од љубовна бајка: Срциња, балони и розово-црвени колачиња До неодамна, овој локал беше омилено место за новогодишни фотки, а сега плени со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg