Дрвена шумска куќичка која не би ја напуштиле со денови – идеално бегство од градскиот метеж

Ладните, есенски денови се измислени за бегство во природа, а оваа куќичка скриена во шума е идеален избор за секого.

drvena-shumska-kukjichka-vo-koja-bi-posakale-da-se-skriete-i-da-ne-ja-napushtite-so-denovi-01.jpg

Љубителите на природа уживаат во нејзините убавини во секој период од годината, но есента создава посебна магична глетка на која никој не може да одолее.

Токму затоа, како идеално сценарио за есенски-зимски одмор замислуваме дрвени куќички, со поглед во природа, а во внатрешноста замислуваме како слушаме „пуцкање“ на огнот од каминот, многу ќебенца и топла атмосфера.

Токму такви карактеристики има оваа прекрасна дрвена куќичка во Вашингтон, изградена од Џејкоб Вицлинг и Сара Андервуд, кои сакале да создадат скриена оаза во шума.

Тие за свој дом одбрале токму ваква куќичка, но градат повеќе слични дрвени куќички. Засега уште нема можност за резервации, но кога ќе го завршат проектот, не се сомневаме дека ќе бидат пребукирани.

Во куќичките има кујна, мини дневна соба, кревет на поткровје и огромни прозорци од сите страни, а ентериерот е топло уреден.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Претворете го балконот во мала кујна со помош на идеи од Pinterest (фото) Корисници на Pinterest споделуваат фотографии од своите домови и како тие го уре...
На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
Владо и Слаѓана од Кичево имаат двор за мерак – оаза уредена со клупи од палети, летниковец и импров... „Тајната за убавиот двор е во неговото одржување и во тоа што секој ден одвојува...
На гости кај Катерина: Стан на Македонка во Луксембург со винтиџ детали и прекрасен поглед (фото) „Живеам во Луксембург во близина на центарот на градот, па можам да кажам дека и...
Дворче во демирхисарско е вистински рај за очи – Драган Петковски 10 години напорно работел за да го... Дворчето на Драган Петковски во демирхисарското село Прибилица мами воздишки со ...
Есенска идила во скопско кафуле - шаренило од бои, украсни тикви и прекрасна атмосфера „Малите ќошиња на Скопје што потсетуваат на Париз“, стои во описот на фотографиј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg