Дом што зрачи со смиреност: На гости кај Магдалена Костовска од Скопје (фото)

Доминација на белата боја, многу цвеќе и давање „нов живот“ на стари парчиња мебел, како што е дрвената клацкалка стара 50 години... Во домот на една 30-годишна креативна скопјанка.

dom-shto-zrachi-so-smirenost-na-gosti-kaj-magdalena-kostovska-od-skopje-foto-01.jpg

Магдалена Костовска (30) е дипломиран преведувач, но и вљубеник во уредување на ентериерот, па токму затоа нејзиниот стан во Скопје изгледа како една хармонична целина во која е задоволство да ги минуваш деновите.

Со неа проговоривме на тема од каде идејата за уредувањето на просторот:

„Желбата за уредување на домот кај мене постои уште од мали нозе. Отсекогаш сум сакала дома да ми биде убаво, средено, пријатно, редовно да местам и да прередувам, да купувам разни ситници и отсекогаш ме фасцинирале стилски уредени домови.

dom-shto-zrachi-so-smirenost-na-gosti-kaj-magdalena-kostovska-od-skopje-foto-05.jpg

Сметам дека домот треба да биде одраз на луѓето кои живеат во него. Каква енергија носат во себе, таква енергија пренесуваат и на предметите околу нив. Многу ми е важно да биде пријатно, топло, прозрачно и смирено.

Воопшто не мислам дека стилот може да се купи со пари и дека ако изнакупите скапи, луксузни парчиња значи дека имате стил. Многу предмети во мојот дом сме си ги направиле сами, или пак сме им дале „нов живот“ на стари парчиња мебел, како на пример дрвената клацкалка која е стара повеќе од  50 години, а припаѓала на бабата и дедото на мојот сопруг. Тоа е воедно и едно од моите омилени парчиња дома.

dom-shto-zrachi-so-smirenost-na-gosti-kaj-magdalena-kostovska-od-skopje-foto-04.jpg

Сакам сè што е во нашето опкружување да има некое значење за нас. Затоа и немаме премногу натрупани ситници само колку да се пополни просторот. Други омилени детали ми се книги, свеќи, вазни (секогаш со свежо цвеќе), перничиња, како и уникатни рачни изработки на македонски уметници кои секогаш ја имаат мојата поддршка.

dom-shto-zrachi-so-smirenost-na-gosti-kaj-magdalena-kostovska-od-skopje-foto-07.jpg

Да не ги заборавам и моите омилени шолји за кафе и чај. Колекцијата се зголемува речиси секој месец, иако оваа моја опсесија не му оди баш во прилог на мојот брак.

dom-shto-zrachi-so-smirenost-na-gosti-kaj-magdalena-kostovska-od-skopje-foto-06.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
На гости кај Анастасија: Стан од 90m2 во скопската населба Карпош 4 со многу дрво и топли тонови (фо... „Омилени детали ми се автентичниот ретро аналоген аудио систем сместен на интере...
На гости кај Елена: Стан од 76m2 во скопската населба Аеродром со современа дневна и детски соби со ... „Трпезариската маса ни е со црно стакло и намерно ја вклопив со цел да го разбие...
На гости кај Давор - Dave’s Kitchen: Стан од 50m2 во Скопје, комплетно уреден со мебел од IKEA (фото...  „При уредувањето најголем акцент ставив на кујната со оглед на тоа што го ...
На гости кај Александра: Празнично украсен стан во Скопје, во кој е накитено дури и во кујната (фото... „Традиционално, украсувањето во мојот дом започнува од нејзиното височество - ел...
Мила и Дарко од Скопје се преселија во Орешани: „Градот почна да нè гуши, тука го пронајдовме својот... „Официјално се преселивме во Орешани во пролетта 2021, откако по не знам кој пат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg