Новата лимитирана колекција на ИКЕА е експлозија на шаренила

Колку и да сме вљубени во скандинавскиот минимализам, понекогаш е добро да се заборави на сé што е бело, кристално јасно и пастелно и да се заврти копчето за 180 степени.

Novata-limitirana-kolekcija-na-IKEA-e-eksplozija-na-sharenila-01.jpg

Новата лимитирана колекција на ИКЕА насловена „AVSIKTLIG“ го има на ум токму тоа и е наменета за сите храбри модерни луѓе кои не се плашат од смели дезени и многу бои.

Тројца млади дизајнери од ИКЕА во партнерство со култните членови на 10-gruppen познати по неверојатните текстилни дизајни ја направија новата колекција која вклучува 14 различни дезени, кои ИКЕА ги вклопи во постелнини, перничиња, софи, кутии, теписони.

10-gruppen го претставува најдоброто од скандинавската дизајнерска историја – демократски идеи, естетска иновација и непоразено чувство за материјали. Нивниот стил на дизајнирање не остарел воопшто, тој е младешки, радикален и смел, исто како што бил во ’70-тите додека групата работела најмногу.

Но, овој мебел не предизвикува носталгични чувства туку соработката се однесува на иднината, докажувајќи дека е сосема возможно да се прославува историјата, а таа да изгледа супер модерно.

Погледнете ја новата колекција шаренила на ИКЕА:

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за декорирање со кои ќе ја внесете пролетта во домот, без многу пари Свежо цвеќе, мирисливи свеќи и декортивни перници со „весели“, пролетни мотиви.....
Трендови за уредување од 2023-та кои треба да ги заборавиме во новата година Многу голема (аголна) гарнитура, но и премногу уметнички дела на ѕидовите – кои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg