11 клучни грешки кои ги правите при уредување на кујната и како да ги поправите

Претерано отворени полици

Кога полиците се отворени многу повеќе се собира прашина и треба да се чистат почесто отколку кога се затворени. Плус, поголема е веројатноста работите да паднат и да се скршат или истурат.

Ако веќе имате отворени, само направете вратички, а ако сепак сакате да има ефект како да се отворени, ставете стаклени врати.

11-kluchni-greshki-koi-gi-pravite-pri-dizajniranje-na-kujnata-i-kako-da-gi-popravite-08.jpg

Не оставате простор за кујнските апарати

Микробранова печка, кафемат, тостер и блендер – сите овие работи зафаќаат простор, а се користат речиси секојдневно па мора да ви бидат на дофат. Затоа треба однапред да испланирате простор за сите нив.

Дали тоа ќе биде посебно шкафче само за најприоритетните неколку апарати (без да ги измешате со сите останати и да настане хаос) или ќе оставите посебен простор на работната маса – изборот е ваш.

11-kluchni-greshki-koi-gi-pravite-pri-dizajniranje-na-kujnata-i-kako-da-gi-popravite-09.jpg

Не го организирате добро просторот под мијалникот

Работите под мијалникот мора да бидат добро организирани, посебно ако кујната е мала. Но, важно е и да оставите пристап до цевките во случај на проблем.

Ставете полици или корпи кои може лесно да се извадат ако има потреба да се поправа нешто. Избегнувајте фиоки и премногу натрупани работи кои може само да ви одземат време и нерви во итни ситуации.

11-kluchni-greshki-koi-gi-pravite-pri-dizajniranje-na-kujnata-i-kako-da-gi-popravite-10.jpg

Бирате погрешна висина за работната маса

Висината на работната маса е обично стандардна, но на високите луѓе сигурно не им е пријатно секој ден да работат на маса која е висока само 85 cm. за да го решите проблемот одберете вистинска висина на долната подлога и на горната површина со кои може да се добијат уште неколку сантиметри плус. Сѐ зависи од желбата на купувачите.

11-kluchni-greshki-koi-gi-pravite-pri-dizajniranje-na-kujnata-i-kako-da-gi-popravite-11.jpg

Не обрнувате внимание на триаголникот за работа во кујна

Триаголникот се состои од најчесто користените делови н акујната – фрижидер, шпорет и мијалник.

Идеално, сите 3 зони треба да бидат блиску поставени за да не мора да шетате по цела кујна со јадењето во рака. Но, истовремено и не треба да бидат премногу блиску и меѓу нив треба да има работна маса.

Најважно е да разберете дека кујната не треба само да изгледа убаво туку треба да биде и функционална, па најдобро е тоа да го имате во предвид пред да почнете да ја правите.

11-kluchni-greshki-koi-gi-pravite-pri-dizajniranje-na-kujnata-i-kako-da-gi-popravite-12.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Трендови за уредување кои изгледаат убаво на Инстаграм, но не се практични Лизгачките врати не нудат никаква изолација, а црниот мијалник се валка многу ле...
Претворете ја кујната во омилено место од домот: Фенг шуи совети за правилно уредување Проверете ја чешмата. Доколку водата не тече непречено или протекува, експертите...
Трикови со кои визуелно ќе ја зголемите и најмалата кујна Ставете високи столчиња, закачете огледало на еден ѕид и заменете го големиот лу...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
Модерни детали кои треба да ги избегнувате кога го реновирате домот Керамички мијалник во кујната и чешми од темни метали се само дел од модерните д...
Како да го направите малиот балкон визуелно поголем, според дизајнери на ентериер? Дајте им предност на дречливите бои и ставете високи растенија – дизајнери на ен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg