Топ 5 трендови во уредувањето на детските соби за 2018 година

Време е да им кажете стоп на Дизни ликовите и да внесете поинаков шарм во собата на вашето дете.

top-5-trendovi-vo-ureduvanjeto-na-detskite-sobi-za-2018-godina-01.jpg

Уредувањето на детските соби е вистинска авантура за родителите, но годинава таа ќе оди во поинаков правец.

На нетрадиционалните родители, кои се подготвени да се оттргнат од шаренилото и ликовите од цртаните филмови, овие нови трендови одлично ќе им дојдат.

Од монохроматски мебел до тврдини како дел од ентериерот, ова ќе биде хит во уредувањето на детските соби во 2018 година:

Збогум „бебешки“ мебел

Заминуваат деновите кога детските соби се уредуваа со „бебешки“ мебел. Во 2018 нема да бидат актуелни парчиња мебел во силни бои со принтови инспирирани од анимираните филмови.

Сега модерниот ентериер на детските соби ќе опфаќа стилски монохроматски мебел со шик бохо изглед и пастелни нијанси.

top-5-trendovi-vo-ureduvanjeto-na-detskite-sobi-za-2018-godina-03.jpg

top-5-trendovi-vo-ureduvanjeto-na-detskite-sobi-za-2018-godina-02.jpg

Играчки од дрво

Пластичните шарени играчки годинава ќе бидат заменети со дрвени. Продажбата на автомобили од дрво и куќички за кукли од дрво вртоглаво порасна во последно време ширум целиот свет.

Покрај дрвените играчки, некои родители се одлучуваат за минималистички декор на детските соби со низа елементи од дрво.

top-5-trendovi-vo-ureduvanjeto-na-detskite-sobi-za-2018-godina-10.jpg

Нов тип на ќебиња

Во 2018 сè повеќе ќе се користат т.н. „weighted blankets“, ќебиња дизајнирани да бидат 10 проценти од телесната маса на личноста што се покрива со нив и кои помагаат за подобра релаксација и намалување на стресот и инсомнијата.

Всушност, тие се едни од најефикасните алатки за да им се помогне на децата со многу енергија кои тешко се смируваат.

Притисокот од тежината врз мускулите, зглобовите, тетивите и лигаментите му овозможува на централниот нервен систем полесно опуштање. Овој терапевтски концепт започна да се користи во многу земји.

top-5-trendovi-vo-ureduvanjeto-na-detskite-sobi-za-2018-godina-05.jpg

top-5-trendovi-vo-ureduvanjeto-na-detskite-sobi-za-2018-godina-04.jpg

Постојани тврдини

И додека градењето на тврдини од чаршафи некогаш беше дел од детската игра, сега родителите им градат тврдини на децата, кои стојат во нивните соби како дел од ентериерот.

Интересните дизајни, кои вклучуваат различни детали и светилки, позитивно делуваат врз фантазијата и играта на децата. Некои родители дури и креветите ги уредуваат како тврдина за своите најмали.

top-5-trendovi-vo-ureduvanjeto-na-detskite-sobi-za-2018-godina-06.jpg

top-5-trendovi-vo-ureduvanjeto-na-detskite-sobi-za-2018-godina-07.jpg

Привремена уметност на ѕидовите

Родителите сè повеќе им даваат шик изглед на детските соби со тоа што ставаат интересни лепенки на ѕидовите.

Убавото кај оваа уметност е што може да се менува, па од ѕвезди и месечина до персонализирани пораки, изборот е огромен за освежување на детските соби.

top-5-trendovi-vo-ureduvanjeto-na-detskite-sobi-za-2018-godina-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да му го подобрите изгледот на стариот (и евтин) мебел, без да потрошите многу пари? Скријте ја старата гарнитура со убави прекривки и декоративни перници, а стаклен...
Идеи за декорирање со кои ќе ја внесете пролетта во домот, без многу пари Свежо цвеќе, мирисливи свеќи и декортивни перници со „весели“, пролетни мотиви.....
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Детали во уредувањето на бањата што треба да ги избегнувате (за да не изгледа монотоно и евтино) Плочки од подот до таванот и црни мијалници – некои ситници можат да направат ба...
Грешки при уредувањето заради кои постојано мора да чистите во домот (и залудно трошите време и пари... Наместо голем тепих во домот, подобро е да изберете еден помал килим, а преполне...
25 идеи како оваа пролет да ја вметнете бојата на годината во уредувањето на домот Пернички во боја на праска, постелнина, удобна фотелја или за најхрабрите ѕидови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg