Минимализам во уредувањето - кога „помалку“ всушност значи „повеќе“

Минимализмот е синоним за слобода. Во својата суштина тој има јасна цел и намена и значи свесно отстранување на се што не одвлекува од од нештата кои се вистински вредни.

Minimalizam koga pomalku vushnost znachi povekje 01

Не е грев да сте сентиментално врзани за прстенот што ви го подарила вашата баба или маичката од првиот ваш концерт во животот; ниту е грев да чувате 20 нијанси на кармини во торбичката за шминки а да користите само една.

Да живеете минималистички не значи да живеете без ништо - тоа значи да живеете поедноставно и да бидете помалку изложени на стрес.

Но, од каде да се почне? Не грижете се, следете ги овие едноставни правила и набрзо ќе се решите од купот бескорисни предмети.

Ослободете се од предметите што ги чувате „за секој случај“

Првиот мобилен телефон што го купивте, резервна батерија за истиот, две-три мали шрафчиња што ви останаа оној пат кога ја склопувавте новата масичка за во дневна - сигурно имате полна фиока вакви и слични предмети и ги чувате во случај да затребаат.

Погодете што?  Нема да ви зтребаат веројатно никогаш. Кога ќе ги фрлите ваквите работи, ќе се ослободи простор за други поважни нешта.

Позајмувајте, не купувајте

Било да се работи за нешто мало како книга што сакате да ја прочитате, или нешто поголемо како количка или транспортер за вашето новородено бебе - златното правило на минимализмот е прво да проверите дали има кој да ви го позајми она што го барате.

Книгата ќе ја прочитате и ќе ја оставите на полицата да фаќа прашина, а вашето бебе ќе порасне и количката нема да ви треба повеќе. И на овој начин не само што ќе заштедите простор, ќе заштедите и некој денар плус.

Не одминувајте ја кујната

Кујната е место каде се собираат мноооогу повеќе непотребни работи од што мислите. Прашок за пециво со поминат рок, шолји за кафе и чај што сте ги купиле само заради неодоливиот дезен, па дури и оној пекач за леб што сте го употребиле одвај три пати - незабележливо се трупаат работи, а реалноста ве удира во глава само тогаш кога ќе дојде моментот да зачистите.

Исфрлете се што има одминат рок, а повредните работи складирајте ги настрана или подарете ги на некој кому вистински му се потребни.

Minimalizam koga pomalku vushnost znachi povekje 02

Продајте, донирајте или исфрлете се што не сте употребиле во последните три месеци

Ова уште едно многу важно правило - сите чуваме по некое парче облека во случај да качиме или симнеме 10 килограми. Но, ако не се сеќавате на последниот пат кога ги облековте тие фармерки, време е да си го најдат новиот сопственик.

Ослободете се и од дигиталното ѓубре

Она што важи за материјалното, важи и за дигиталното. Овде спаѓаат стари мејлови, фотографии, фајлови и фолдери за кои воопшто не сте свесни дека постојат. Одвојте време да избришете се што нема поента да се чува и во вашиот мобилен телефон, вклучувајќи ги сите 568 screenshots од Pinterest.

Минимализмот не е само тренд. Научни истражувања докажаа дека е ефективен борец против стресот и значително ја намалува анксиозноста намалувајќи го времето што го поминувате во чистење и реорганизирање на домот.

A. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 застарени работи во домот кои (конечно) треба да ги исфрлите и да ги замените со нови   Во времето на паметната технологија, реалност станаа и прекинувачите кои работат...
Работи во домот заради кои гостите ќе ве озборуваат како неуредна личност Исчистете ги влакната од миленичињата, соберете го презреаното овошје. На кои де...
Живеам во стан од 50m2 во Скопје – одлуки што ги направив во уредувањето за кои не се каам (фото) Проточен бојлер во бањата за голем бојлер да не ми го зафаќа целиот простор, шан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg