Дали сте навистина гладни? 7 карактеристики на емоционалниот глад

Гладот не мора секогаш да значи дека сме гладни, понекогаш тоа има многу подлабока причина. На сите ни се случува по ручекот да продолжиме да се прејадуваме и да изедеме големо пакетче чипс, кутија кекси или цела чоколада.

dali-ste-navistina-gladni-8-karakteristiki-na-emocionalniot-glad-01

Не треба некој да ни каже дека не сме гладни, тоа е очигледно. Таквата потреба нема врска со физичкиот глад на организмот туку со нешто подлабоко.

Д-р Дорин Виртју, психолог и клинички терапевт за нарушување на исхраната, во книгата „Потреба за храна“ тврди дека емоционалното прејадување е најголемиот виновник за секое здебелување, нерамномерна исхрана и секоја болест поврзана со храната.

Уште одамна многу светски научници тврдат дека проблемот со вишокот килограми и нездравата храна не е само физичкиот глад, туку емоционалниот кој се крие некаде подлабоко во психата и не може да се ослободи од бројните калории.

Ова се неколкуте карактеристики по кои ќе препознаете дека не сте навистина гладни, туку ви се јавува емоционален глад?

Се јавува наеднаш – физичкиот глад се јавува постепено, дава сигнали во желудникот. Емоционалниот глад доаѓа наеднаш, како напад.

Насочен е кон специфична храна – имате потреба да јадете само одредена храна и ниедна замена не може да ве задоволи.

Се случува „над вратот“ – почнува во устата и во умот. Устата сака да вкуси пица или крофна со чоколадо, додека интензивно размислуваме за зелена храна.

Опфаќа автоматско или отсутно консумирање храна – како туѓа рака да зема сладолед и да ви го става во уста (автоматско јадење) или воопшто не сте забележале дека сте изеле цела кесичка чипс (отсутно јадење).

dali-ste-navistina-gladni-8-karakteristiki-na-emocionalniot-glad-2

Невозможно е да го одложите – Емоционалниот глад бара храна за што поскоро да се ублажат непријатните чувства. Поврзан е и со вознемирувачките емоции во телото. Емоционалниот глад се јавува во вознемирувачки моменти и ситуации.

Не се спречува ниту кога сте сити – Со оглед на тоа што јадеме за да го намалиме непријатното чувство, а не за да го нахраниме телото, често завршуваме прејадени.

Буди чувство на вина – Парадоксот на емоционалното прејадување е во тоа што јадете за да се чувствувате подобро, а потоа се критикувате само зошто сте јаделе чипс или колачи. Си ветувате дека ќе надоместите со вежбање, прескокнување оброк и слично, но ништо од тоа не можете да направите, бидејќи емоционалниот глад не можете да го спречите.

dali-ste-navistina-gladni-8-karakteristiki-na-emocionalniot-glad-1

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg