Девојката која јадеше само едно овошје во денот, ослабе 20 килограми

Некои од најпопуларните диети побаруваат разновидна исхрана и што повеќе бои во чинијата. Но, девојката позната како банана-девојка, советува поинаку.

devojkata-koja-jadese-samo-edno-ovosje-vo-denot-oslabe-20-kilogrami-01

Таа верува дека диетата која содржи еднолична храна дава многу поголеми успеси, па затоа и самата решила да консумира моно-оброци.

Оваа Австралијанка (34) тврди дека ослабела од 70 на 50 килограми придржувајќи се до овој режим на исхрана.

Уште пред извесен период привлече големо внимание со тоа што јадеше по 51 банана дневно, при што внесувала голема количина јаглехидрати, а мала количина на масти.

Фрили дневно внесува од 2.500 до 5.000 калории, а до 4 попладне јаде само свежи намирници.

Покрај тоа што ја довела линијата до совршенство, таа тврди дека овој план на исхрана и помогнал во чистење на кожата, ослободување од хроничниот замор и го поправил лошото варење.

devojkata-koja-jadese-samo-edno-ovosje-vo-denot-oslabe-20-kilogrami-06

Моно оброците на Фрили може да содржат цели 2 ананаси, 5 манга, 2 литри свеж сок или неколку килограми кајсии.

- Кога се храните едноставно, апсорбирањето на витамини и минерали е максимална, па заради тоа на мозокот му се обезбедени повеќе хранливи материи и подолго останувате сити. Околу 90% од моите оброци се моно-оброци. Јадењето еден вид овошје или зеленчук го олеснува варењето, па организмот не троши многу енергија.

devojkata-koja-jadese-samo-edno-ovosje-vo-denot-oslabe-20-kilogrami-03

Без оглед на количината која ќе ја изеде, таа тврди дека никогаш не се чувствувала прејадено.

- Кога започнав со овој начин на живот, првите неколку недели се чувствував подуено. Подоцна разбрав дека тоа не е од овошјето или зеленчукот, туку од тешко варливите материи кои во организмот сум ги внесувала со години.

devojkata-koja-jadese-samo-edno-ovosje-vo-denot-oslabe-20-kilogrami-05

Сепак, многу нутриционисти не ја поддржуваат оваа диета и веруваат дека со неа големи се шансите за недостиг на одредени хранливи материи.

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg