Ослободете се од овие навики и ќе добиете инстант рамен стомак

Подуеноста на стомакот е чест проблем заради кој не сме задоволни со изгледот, па често се согласуваме на ригорозни диети.

oslobodete-se-od-ovie-naviki-i-ke-dobiete-instant-ramen-stomak-01.jpg

Всушност, би требало само да промениме неколку дневни навики.

Звучи предобро да за биде вистинито?

Пробајте да се ослободите од овие 4 навики и многу брзо ќе ги забележите првите резултати:

1. Забавете го темпото со кое јадете

Најчестите причини за подуеност на стомакот е бавното варење. За да го избегнете, неопходно е храната добро да ја иситните во устата, па дури тогаш да ја голтнете. Исто така, кога брзо јадеме често голтаме воздух кој го отежнува варењето и создава чувство на подуеност. Затоа, најдобро е што побавно и подолго да џвакате.

2. Исфрлете ги газираните сокови

Се што има меурчиња не е добро за вашата линија затоа што во желудникот внесувате воздух кој го предизвикува тоа чувство на подуеност. Плус, овие пијалаци се полни со шеќери и засладувачи.

3. Заборавете на конзервираната храна и грицките

Натриумот во организмот кој го внесувате во прекумерна количина не е добра работа за вашиот стомак и линијата. А конзервираната храна и чипсовите го содржат во прилично големи количини.

4. Последниот оброк не смее да биде пред да си легнете

Ако јадете доцна, бидете сигурни дека ќе се разбудите со подуен стомак. Кога лежите сите функции на телото се забавуваат, па така и работата на дигестивниот систем. Освен подуениот стомак во пакет ќе добиете немирен и неквалитетен сон. Ако баш сте главни, каснете храна богата со влакна која не се вари премногу долго.

oslobodete-se-od-ovie-naviki-i-ke-dobiete-instant-ramen-stomak-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg