Без теретана и диета: Како една жена успеала да изгуби 36 килограми?

Многу луѓе имаат проблем со дебелината и преголемата тежина. Тоа е еден од најголемите проблеми на денешницата, кога се консумира најчесто брза храна, поради работата се нема време за вежбање и останува сето тоа да се наталожи.

bez-teretana-i-dieta-kako-edna-zena-uspeala-da-izgubi-36-kilogrami-01

Има и такви кои цел живот биле слаби и кога наеднаш ќе се здебелат, не можат да се навикнат на диети и вежбање кои никогаш претходно не ги практикувале.

Во такви случаи потребно е да си направите сопствени правила до кои ќе се придржувате и ќе ви бидат од полза за да ослабете.

Еден таков пример е и Сара Диармонд која уште како дете не била задоволна со својот изглед и тежината, бидејќи била премногу слаба.

Но, за време на студиите, поради недостатокот на физичка активност и љубовта кон брзата храна, се довела до тежина од 91 килограм, што е премногу.

Тогаш почнала да пати од вишок крвен притисок, постојано се чувствувала уморно и едвај имала кондиција за движење и дишење.

Тогаш сфатила дека дебелината може да ја убие и донела одлука: „Сакам да живеам“.

Со оглед на тоа што не можела да се натера на ригорозна диета, Сара ја почнала трансформацијата, поставувајќи си свои 3 правила:

1. Физичката активност не мора да биде многу напорна

Купила статичен велосипед за да нема изговори дека надвор не чини времето, па затоа не може да вози. Тоа ѝ преминало во навика и сè почесто и подолго го практикувала, додека гледала телевизија или слушала музика.

bez-teretana-i-dieta-kako-edna-zena-uspeala-da-izgubi-36-kilogrami-2.jpg

2. Купување храна

За да го избегнете искушението да одите во продавница, направете список и придржувајте се до него. Избегнувајте ги рафтовите со грицки и благо, како да не постојат.


3. Подготовка на храната

Наместо стандардната подготовка на мрсно месо, заменете го со риба, потопена во изматени белки и испечена. Вкусот е неверојатен, а и одлично заситува.

Можеби се слабее полека, но потрајно. Таа успеала од 91 килограм да намали 36 килограми и сега да има 55. Резултатите и олеснувањето ќе го забележите уште по првиот месец.

bez-teretana-i-dieta-kako-edna-zena-uspeala-da-izgubi-36-kilogrami-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg