Харкомб диета: Како да ги јадете омилените оброци и да слабеете

Позитивна и добра работа околу оваа диета е тоа што навистина можете да уживате во храната која ќе ја јадете без да се мачите да пребројувате калории.

harkomb-dieta-kako-da-gi-jadete-omilenite-obroci-i-da-slabeete-01.jpg

Нутриционистот Зои Харкомб поминала 20 години во истражување на губењето на килограмите и навиките на прејадување и открила 3 главни здравствени проблеми кои влијаат на потребите за одредени видови на храна: Candida albicans, нетолеранција кон одредени видови храна и хипогликемија.

Но, она што е уште поинтересно е што открила зошто и точно од кои диетални совети може да настанат овие состојби кои ве вртат во магичниот круг на потреба за слатки или други типови на нездрава храна:

Ако се обидувате да јадете помалку, немасно и да ги броите калориите, тогаш овие три работи ќе ви се случат:

1. Ќе јадете повеќе јаглехидрати и помалку масти

2. Ќе ги јадете истите работи секој ден

3. Ќе го ослабете имунитетот.

Токму овие фактори ве доведуваат до можноста за појава на некои од горенаведените здравствени проблеми.

„Ако започнете со нискокалорична диета голема е веројатноста дека ќе завршите како зависник од храна“ – вели Харкомб.

Оваа диета полека ве воведува во одличните навики на исхрана со кои полека ќе ги губите килограмите. Се одвива во 2 фази при што првата трае 5 дена, а втората нема ограничување.

Фаза 1:


Прв ден

Појадок: Сланина и јајца

Ручек: Лосос и зеленчук

Вечера: Кафеав ориз и зеленчук


Втор ден

Појадок: 100g Овесни снегулки со вода

Ручек: Туна салата

Вечера: Месо по избор со зеленчук


Трет ден

Појадок: Омлет

Ручек: Пилешки стек со зеленчук

Вечера: Полнети пиперки со ориз и зеленчук (не месо)


Четврти ден

Појадок: 75g житарици по желба со вода

Ручек: Салата и варени јајца

Вечера: Риба по избор и зеленчук


Петти ден

Појадок: Кајгана со свеж зеленчук

Ручек: Печено пилешко со зеленчук

Вечера: 75g Тестенини по избор со доматен сос


Втората фаза нема одредено мени на исхрана туку правила по кои се придржувате.

Правила на втората фаза:

1. Не јадете преработена храна

2. Не мешајте јаглехидрати и масти

3. Не ја јадете храната од која најчесто се прејадувате

4. Не јадете маринирана храна

Би можело да ве интересира:

Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg