Најбараната диета за 2017-та: За 7 дена се губат 7 килограми

Во текот на летото сите се во потрага за инстант диети со кои се слабее многу брзо. Таква е диетата General Motors, развиена од истоимената компанија уште во текот на 80-тите години со цел да го зачуваат здравјето на своите вработени.

najbaranata-dieta-za-2017-ta-za-7-dena-se-gubat-7-kilogrami-01.jpg

Но, во 2017-та стана една од најбараните диети на Гугл, што не треба да ве чуди со оглед на тоа што ветува губење на 7 килограми во рок од 7 дена.

Главното правило на диетата е строго да се придржувате кон распоредот во текот на една недела. Првиот ден се јаде само овошје, ама само она што во себе содржи многу вода, а бананите се строго забранети. Принципот на диетата е да се јаде храна со која ќе изгубите повеќе калории отколку што ќе внесете. Првите три дена се најстроги, па тогаш се губат најмногу килограми. Се препорачуваат 10-12 чаши вода во текот на сите денови.

Во текот на целата диета треба да се внесуваат од 1.000 до 1.200 калории на ден.

1 ден

Овошје, најмногу лубеница, а никако банани. Може да се јаде овошје во неограничени количини, но сепак не претерувајте.

2 ден

Дозволен е секаков зеленчук, свеж или зготвен, а забрането е овошје. Започнете го денот со печен компир за да ја внесете потребната дневна количина на јаглехидрати.

3 ден

Комбинирајте го овошјето и зеленчукот од првите два дена, но не јадете банани и компири.

4 ден

Во четвртиот ден дозволени се 8-10 банани и 4 чаши млеко.

najbaranata-dieta-za-2017-ta-za-7-dena-se-gubat-7-kilogrami-02.jpg

5 ден

Јадете домати (најмногу пест) и голема порција кафеав ориз.

6 ден

Во текот на овој ден се јадат една порција кфеав ориз и зеленчук.

7 ден

За појадок се јаде кафеав ориз и чаша свежо цеден сок, а во остатокот од денот се јадат овошје и зеленчук во неограничени количини.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg