Супата е новото смути - диетите кои ќе направат бум во 2018 година

Ако една од вашите нови одлуки е да го симнете вишокот килограми, време е да дознаете кои диети ќе бидат во центарот на вниманието оваа година.

Dietite-koi-ke-napravat-bum-vo-2018-01.jpg

Интересно е што протеините повторно го добиваат заслуженото место, а супите ќе станат новите смути напитоци.

Со помош на кои диети ќе слабееме во 2018 година?

Кетогенска диета

Според многумина контроверзна, според некои пак магичната кето-диета е сконцентрирана главно на протеини, а ги исклучува јаглехидратите, скробот и шеќерите, вклучувајќи го и овошјето.

Слободно може да јадете пилешко и други видови месо, риба, јајца и посно сирење.

Се препорачуваат многу свежи салати од зеленчук кој расте над земјата заради полесно варење на храната, многу здрави масти како јаткасти плодови, маслиново масло, авокадо и многу течности – вода и зелен чај.

Телото започнува да согорува масти, наместо јаглехидрати. Се препорачува да не се надминува дневната доза од 50 gr јаглехидрати за успешни резултати.

supata-e-novoto-smuti-dietite-koi-ke-napravat-bum-vo-2018-godina-01.jpg

Протеинска вода

Кога веќе имаме протеински оброци, ужини и шејкови, логично беше да си го најдат местото и во глобално најконсумираниот напиток – обичната вода за пиење.

Најновиот изум е т.н. протеинска вода со повеќе различни вкусови, како кокос, малина, итн..

Секое шишенце содржи само 86 калории и неверојатни 0,2 gr шеќери, а од друга страна количината на протеини е запрепастувачки висока – 20 gr протеини во шишенце вода.

Одлична алтернатива за напитоците кои даваат енергија пред и по вежбање, а не содржи огромни количини шеќер.

supata-e-novoto-smuti-dietite-koi-ke-napravat-bum-vo-2018-godina-02.png

Неконтинуирано постење

Придобивките од т.н. неконтиунирано постење (анг. intermittent fasting) се и повеќе од очигледни и вклучуваат многу повеќе од губење на вишокот килограми.

Овој начин на исхрана се поврзува со регулирање на шеќерот во крвта, намалување на воспалителните процеси и зголемување на когнитивните функции.

Како функционира? Најпознатиот метод е планот 16:8, кој се состои од 16 часа пост и 8 часа во кои смее да се јаде во периодот од 12 часот напладне до 20 часот навечер.

Ова резултира во намалување на нивото на инсулин (што значи дека ќе согорувате повеќе масти), но 16-часовниот пост со нејадење значи дека ќе консумирате и многу помалку калории.

supata-e-novoto-smuti-dietite-koi-ke-napravat-bum-vo-2018-godina-03.jpg

Супата е новото смути

Според Пинтерест, сите ќе ги замениме шејковите и смутито со супи.

Голем дел од консументите веќе се радуваат на оние во готови ќесички кои нудат многубројни вкусови, чиј калориски процент е прилично низок, а се подготвуваат лесно и брзо.

Ние сепак сметаме дека е најдобро да си подготвите домашни супи со повеќе зеленчук и месо, а помалку резанки.

supata-e-novoto-smuti-dietite-koi-ke-napravat-bum-vo-2018-godina-04.jpg

Анти-воспалителни диети

Наполнете го фрижидерот со свеж ѓумбир, брокула, лосос, домати. Снабдете се со ореви и многу куркума, боровинки и аронија…

Листата со здрави намирници продолжува понатаму, согласно вкусовите.

Сите кои сакаат да се исхрануваат здраво, да го зајакнат имунитетот и да го подобрат метаболизмот, треба да вклучат продукти кои се анти-воспалителни и првенствено имаат цел да го излекуваат организмот.

supata-e-novoto-smuti-dietite-koi-ke-napravat-bum-vo-2018-godina-05.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg