Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Диета со леб – Ослабете до 10 килограми за половина месец

Зарем постои личност која не сака свежо печен леб? Но, проблемот е што лебот може да биде вистински непријател за вашата линија.

dieta-so-leb-oslabete-do-10-kilogrami-za-polovina-mesec-01.jpg

За среќа, научниците од Израел нашле решение и за оние кои не можат да се откажат со лебот. Тие смислиле план за исхрана, кој вклучува и леб, а со кој можете да ослабите и до 10 килограми.

Научниците од Израел, под водство на нутриционистот Олге Рез-Каснер, велат дека редовното внесување на сложени јаглехидрати, како оние од лебот, во комбинација со обезмастено сирење и овошје, го намалува чувството на глад, а со тоа и помага во слабеењето.

dieta-so-leb-oslabete-do-10-kilogrami-za-polovina-mesec-04.jpg

Воглавно, оваа диета се состои од две етапи. И во двете етапи е важно да пиете многу вода, односно најмалку 7 чаши дневно.

Можете да пиете и кафе и овошни сокови, но само умерено. Истовремено, добро е за време на диетата да земате калциум и мултивитамини.

Прва етапа

Првата етапа трае една недела. Во овој период, секојдневно консумирајте 7 до 12 мали парчиња леб, или ако сте машко 12 до 16. Можете да јадете секаков вид леб и можете да го намачкате со тенок слој маргарин или малку сирење.

Доколку јадете месо, можете да изедете мало парче риба, шунка или пршута.

Не смеете да го јадете лебот со ништо благо, но можете да го комбинирате со зеленчук без скроб. Можете да изедете и три јајца неделно, а секој ден треба да внесете и 200 грама кисело млеко.

Три пати неделно треба да јадете риба или месо со динстуван зеленчук. Кога јадете и зеленчук, намалете го внесот на леб. Односно, јадете по 4 парчиња дневно.

Секој ден изедете и по една јаболка, а оброците јадете ги на секои 3 часа.

dieta-so-leb-oslabete-do-10-kilogrami-za-polovina-mesec-02.jpg

Втора етапа

И втората етапа трае една недела, а овој период лебот можете да го замените со една шолја тестенини или мешунки. Можете да јадете и готвени овесни снегулки, хељда, ориз и компир.

Внесот на зеленчук е неограничен, а и оваа недела треба да изедете 200 грама кисело млеко во денот.

Два пати неделно е дозволено консумирање риба или бело пилешко месо, а треба да јадете на секои 3 или 4 часа.

Целта на втората етапа е да ја задржите тежината што сте ја постигнале во првата недела.

Диетата може да се држи неограничено, а додека ја држите, не заборавајте да се консултирате и со вашиот лекар.

dieta-so-leb-oslabete-do-10-kilogrami-za-polovina-mesec-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg