Како се храни 52-годишната Хали Бери за да изгледа 2 децении помладо?

Деновиве целото внимание е свртено кон Џенифер Лопез и нејзиниот 50-ти роденден. Но, доколку постои една личност која може да се натпреварува со неа, тоа е 52-годишната Хали Бери.

kako-se-hrani-52-godisnata-hali-beri-za-da-izgleda-2-decenii-pomlado-001.jpg

Хали, исто како и Џенифер, изгледа како и на почетокот на својата кариера, а има повеќе од 50 години. Па, сигурно сте се запрашале што прави оваа прекрасна дама за да го задржи својот младешки изглед.

Преку нејзиниот Инстаграм профил, Хали редовно ги мотивира нејзините следбеници да ја откријат моќта на јогата, боксот и здравата исхрана.

Хали не открила некоја голема или досега нечуена тајна, туку само уште еднаш докажува дека за добар изглед, потребно е да работите на себе.

Сепак понекогаш не знаете од каде да тргнете, па личниот тренер на Хали го опишал нејзиниот дневен режим.

Хали се храни според кето диетата, за која вели дека ѝ помага да го регулира нејзиниот дијабетес.

Како поточно изгледа режимот за исхрана во текот на еден ден?

1. Хали никогаш не појадува, туку го започнува денот со многу вода со свежо цеден лимон.

kako-se-hrani-52-godisnata-hali-beri-za-da-izgleda-2-decenii-pomlado-01.jpg

2. Хали редовно користи додатоци во исхраната, како на пример аминокиселини. Според нејзиниот тренер, Ли Томас, токму ова го гарантира градењето на мускулите, се разбира, заедно со редовно вежбање.

3. Во кафето Хали додава малку од таканареченото МЦТ масло. Според Ли, ова масло е одлично за оние кои ја следат кето диетата. Сепак, не сите нутриционисти се согласуваат дека помага во согорувањето на мастите.

kako-se-hrani-52-godisnata-hali-beri-za-da-izgleda-2-decenii-pomlado-02.jpg

4. Првиот оброк во денот го јаде после тренингот. Најчесто овој оброк се состои од комбинација на месо и зелен зеленчук, како и неколку јајца.

kako-se-hrani-52-godisnata-hali-beri-za-da-izgleda-2-decenii-pomlado-03.jpg

5. Хали секогаш со себе носи храна за ужина. Најчесто тоа се намирници како целер, морков и свежа краставица. Исто го сака и овошјето, а најмногу јагодите и боровинките.

6. И вечерата на Хали е според кето диетата, а ова е многу лесно доколку имате личен готвач како неа. За вечера најчесто јаде гулаш со јагнешко и зеленчук, или мелено месо со сос од домати. Понекогаш јаде и „шпагети“ од тиквички со песто сос, домат и пармезан.

kako-se-hrani-52-godisnata-hali-beri-za-da-izgleda-2-decenii-pomlado-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
Трикови за готвење од Инстаграм инфлуенсери, што не се практични и не функционираат „Пробав да направам од оние вирални рецепти, каде што стават тестенини со цело п...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg