Привлечните ароми на храната - На кој од овие мириси не можете да одолеете?

Привлечните ароми на одредени јадења можат да имаат многу моќни ефекти. Ако веќе имате желба за слатко и чувствувате мирис на свежо печени колачи, вашиот копнеж наскоро ќе стане уште посилен. Подолу се опишани најчестите мириси на кои луѓето едноставно не можат да им одолеат. Можете ли вие?

privlecnite-aromi-na-hranata-na-koj-od-ovie-mirisi-ne-mozete-da-odoleete-001.jpg

Чоколадо

Без оглед на тоа дали можеме да го намирисаме, на чоколадото ретко кој може да му одолее. Значи, мирисот на чоколадо понекогаш буквално нè прави немоќни.

Се разбира, постојат некои варијации - на пример, на жените им е многу потешко да му одолеат на чоколадото за време на одредени денови од менструалниот циклус (но ова веќе го знаевте).

Privlecnite aromi na hranata Na koj od ovie mirisi ne mozete da odoleete 02

Печени производи

Свежо печен леб или топли мафини се примамливи, без оглед на сè, но приказната не застанува тука.

Според истражувањата, кои се занимавале со тоа како храната влијае на чувствата, мирисот на печените производи предизвикувал чувство на сигурност.

Со други зборови, печените производи предизвикуваат позитивни сеќавања од нашето минато, поради кои се чувствуваме среќно.

Privlecnite aromi na hranata Na koj od ovie mirisi ne mozete da odoleete 03

Скара

Чувство на носталгија поврзано со мирисот на храната се разликува, во зависност од тоа каде сте пораснале. На пример, мирис на скара во некои региони предизвикува посилно чувство на носталгија, отколку колачиња со чоколаден прелив и други печива.

Privlecnite aromi na hranata Na koj od ovie mirisi ne mozete da odoleete 04

Чипс

Додека едните не можат да им одолеат на слатките колачиња, другите се борат со солени и крцкави грицки. Токму затоа многу луѓе го јадат чипсот до крај, буквално до последна трошка.

Мирис на сол и разни адитиви во чипсот, исто така, можат да доведат до неопислива желба за нешто солено и крцкаво.

Privlecnite aromi na hranata Na koj od ovie mirisi ne mozete da odoleete 05

На кој од овие мириси вие не можете да одолеете?

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
9 митови за храната во кои не треба да веруваме Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од бели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg