Идеи за здрави и вкусни оброци кои може да ги понесете на работа

Доколку сте од оние на кои им е дојдено преку глава од стандардното ѓеврече и јогурт на работното место за време на паузата за јадење, а не сакате да трошите премногу пари на готова храна, можеби е време да почнете да си носите подготвена храна од дома.

Idei-za-zdravi-i-vkusni-obroci-za-rabota-01.jpg

За некои ова претставува особено тешко, мислејќи дека се троши премногу време во подготовката на храната. Но кога имате план и вистинската идеја, ништо не е премногу тешко.

Ви нудиме неколку идеи за подготовка на брзи и здрави оброци кои ќе ви ја дадат потребната енергија додека сте на работа:

Пилешко или мисиркино филе

Одличен избор за сите кои не можат без протеини. Овие два видови на месо се подготвуваат брзо, а се консумираат и варат уште полесно. Воедно, никому во канцеларијата нема да му смета мирисот на пилешко или мисиркино, за разлика од туната.

Издинстајте го месото на тивок оган или на пареа со омилените зачини. Додадете зелена салата и други зеленчуци по избор, или пак комбинирајте го со сладок компир или Басмати или Јасмин ориз кој се подготвува за 15 минути.

Салати

Салатите се секогаш одличен избор за сите кои сакаат да се хранат здраво. Додадете малку тврд кашкавал, семки од тиква или сончоглед или пак кубети. За дополнителна доза на протеини можете да додадете и печурки, варени јајца, а свежиот спанаќ е уште една состојка која одлично ќе ја збогати салатата.

Запечен карфиол со јајца

Сварете малку карфиол и јајца. Во огноотпорен сад ставете ред карфиол, па ред јајца, сè додека не ги потрошите сите состојки. На врвот намачкајте малку путер и ставете 2 парчиња кашкавал и запечете го јадењето додека не зарумени.

Пудинг со чија и овошје

2-3 големи лажици чија ви се доволни за да ги потопите во јогурт или млеко. Најдобро е да ја оставите смесата преку ноќ, со цел да стане желатинска. Во теглата додадете сечкано овошје по желба (банани, малини, вишни) и малку јаткасти плодови.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго? Понекогаш, кога ќе го отворите фрижидерот или шкафчето во кое чувате храна, сфаќ...
9 митови за храната во кои не треба да веруваме Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од бели...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
3 едноставни, но уникатни идеи за фарбање и декорирање јајца (видео) Мермерни јајца со лушпи од кромид или шарени јајца со сода бикарбона – креативни...
10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg