8 идеи за здрави алтернативи на грицки

Понекогаш ви доаќаат „кризи“ за грицки? Иако знаеме дека честата конзумација на брза храна може да му наштети на здравјето поради големиот број калории, шеќери и масти, сепак прибегнуваме кон неа како кон „виновно задоволство“.

8-idei-za-zdravi-alternativi-na-gricki-01.jpg

Таа е присутна насекаде: додека гледаме филм во кино или дома, на роденденски забави, разни прослави или кога сме тажни или нервозни, често знае да послужи како утеха.

Опасноста од пречестото конзумирање ваков тип на продукти со ниска хранлива вредност, недостиг од витамини и минерали може да резултира со замор, подуеност, зголемување на тежината и други здравствени проблеми. Но, не секој тип на грицки е штетен по здравјето.

Постојат некои грицки кои не само што можете да ги јадете без грижа на совест, туку истовремено се и здрави за вас:

1. Пуканки

Добри вести: пуканките можеби се вашите омилени грицки додека гледате филмови и не треба да се откажете од нив. Тие се полнозрнести житарки кои не само што не содржат шеќери и имаат малку калории, туку се богати со растителни влакна кои помагаат во дигестијата.

Покрај тоа, содржат минерали како калиум, фосфор и магнезиум, антиоксиданси кои го чистат телото од слободни радикали и триптофан, аминокиселина која е важна за добар сон. Сепак, при подготовка внимавајте со количината на масло - поздрава варијанта е да ги подготвите на маслиново масло.

8-idei-za-zdravi-alternativi-na-gricki-02.jpg

2. Чипс од кељ

Листестиот кељ може да се претвори во вкусна крцкава грицка за помалку од 15 минути. Се што ви е потребно е малку маслиново масло и сол.

Измасирајте ги листовите кељ со маслиново масло, посолете ги и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна околу 10 минути.

Кељот, исто така, е нискокалоричен извор на антиоксиданси. Покрај тоа, претставува еден од најголемите извори на витамин К и содржи повеќе витамин Ц од портокалот.

8-idei-za-zdravi-alternativi-na-gricki-03.jpg

3. Леблебија

Здрава грицка на која налетуваме на секој чекор. Леблебијата е чувар на коските бидејќи изобилува со железо, калциум, магнезиум, цинк и фосфор.

Истовремено е одличен извор на протеин кој се користи во веганската кујна, го намалува холестеролот и брзо го задоволува апетитот, со што помага во регулацијата на телесната тежина.

8-idei-za-zdravi-alternativi-na-gricki-04.jpg

4. Микс од јатки

Јатките како индиските ореви, бадемите, лешниците, оревите и фстаците се важен додаток во исхраната поради нивната висока хранлива вредност и изобилството на антиоксиданти и здрави масти.

Се препорачува да се јадат непечени, но во ограничена количина од една шака, бидејќи имаат висок процент калории.

8-idei-za-zdravi-alternativi-na-gricki-05.jpg

5. Печени јаболка

Кога имате потреба од нешто слатко, наместо да посегнете по чоколади и колачи, пробајте го овој лесен рецепт: исечете неколку јаболка, прелијте ги со мед и цимет и печете ги додека омекнат.

Совршен здрав десерт!

8-idei-za-zdravi-alternativi-na-gricki-06.jpg

6. Чипс од јаболка

Доколку во текот на неделата сте зафатени и немате време да подготвувате храна, ужината може да ја замените со однапред подготвен чипс од јаболка кој ќе ви трае цела недела.

Исечете неколку јаболка на тенки кругови - колку се потенки, толку се покрцкави, наредете ги на тава и додадете цимет по желба. Печете ги на ниска температура додека дехдрираат.

8-idei-za-zdravi-alternativi-na-gricki-07.jpg

7. Урми

Ако сте од оние луѓе кои имаат голема потреба за чоколадо и слатки, оваа потреба може да ја задоволите со урми.

Не само што се природно многу благи, тие се извор на растителни влакна кои помагаат со дигестијата на храната и спречуваат појава на хемороиди.

Исто така, ги штитат коските поради присуството на минерали како фосфор, калциум и магнезиум.

8-idei-za-zdravi-alternativi-na-gricki-08.jpg

8. Домашен овошен сладолед

Ви се јаде сладолед, но сте загрижени од количината на калории која ќе ја внесете?

Еве една здрава алтернатива - изблендајте банана со овошје по избор, како малини, јагоди, киви и слично. Додадете цимет, ванила, можеби путер од лешник.

Ставете ги во калапи во фрижидер и оставете да замрзнат. На тој начин, имате овошен сладолед полн со витамини и минерали!

8-idei-za-zdravi-alternativi-na-gricki-09 (1).jpg

A. T. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Корисни трикови за „од око“ да ги изберете најсвежите производи на пазар Изберете помали модри домати, а доматите бирајте ги според намената: долгнавести...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg