Корисен водич за готвење: Кој зеленчук со кои зачини е највкусен?

Зачините се задолжителен дел од која било кујна. Покрај тоа што на храната им даваат побогат вкус и арома, тие исто така се грижат за нашето здравје.

korisen-vodic-za-gotvenje-koj-zelencuk-so-koi-zacini-e-najvkusen-001.jpg

Ако сте вегетаријанец, веган или често јадете зеленчук, прочитајте го текстот и пронајдете ги најдобрите комбинации на зеленчук и зачини што одат заедно.

Артичок: магдонос, копар, естрагон, ловоров лист, кромид, лук, сок од лимон, мајоран, бибер, каранфилче, мелен пипер.

Блитва: магдонос, пиперки, власец, кромид, бибер, мелен пипер, мускатно оревче.

Тиква: магдонос, мајчина душица, ловоров лист, мускатно оревче, цимет.

Целер: магдонос, мајчина душица, ловоров лист, пиперки, кари, мелен пипер.

Цвекло: магдонос, копар, босилек, ким, рен, каранфилче, коријандер, сок од лимон.

Печурки: магдонос, копар, босилек, мајчина душица, кромид, лук, бибер, каранфилче, мускатно оревче, сусам, кари.

Eve kako pravilno da gi kombinirate zacinite i zelencukot 02

Карфиол: магдонос, копар, власец, ловоров лист, кари, мускатно оревче, бибер.

Грав: магдонос, мајчина душица, ловоров лист, кромид, лук, мелен пипер, бибер, ким.

Грашок: магдонос, мајчина душица, копар, ловоров лист, лук, кромид, власец.

Кељ: магдонос, коријандер, жалфија, кромид, лук, мускатно оревче.

Брокула: магдонос, копар, власец, мускатно оревче.

Краставица: магдонос, копар, власец, нане, мента, ким, мајчина душица, лук, бибер, кари, коријандер.

Компири: магдонос, жалфија, мајоран, рузмарин, мајчина душица, ловоров лист, кари, кромид, мускатно оревче.

Eve kako pravilno da gi kombinirate zacinite i zelencukot 03

Леќа: магдонос, ловоров лист, шафран, рузмарин, босилек, мајчина душица, чили.

Мешунки: магдонос, пипер, копар, босилек, естрагон, кромид, лук, бибер.

Моркови: магдонос, копар, нане, мајчина душица, коријандер, ѓумбир, мускатно оревче, кари.

Пиперки: магдонос, мајчина душица, босилек, рузмарин, ловоров лист, кромид, лук, бибер.

Праз: магдонос, копар, ловоров лист, кари, мелен пипер, мускатно оревче.

Домати: магдонос, копар, босилек, оригано, мајоран, рузмарин, власец, естрагон, мелен пипер, кари, кромид и лук.

Тиквички: магдонос, пиперки, босилек, шафран, сенф, лук, мускатно оревче.

Eve kako pravilno da gi kombinirate zacinite i zelencukot 04

Модар патлиџан: магдонос, естрагон, нане, рузмарин, босилек, мајоран, лук, сок од лимон, мускатно оревче, мелен пипер.

Марула: магдонос, босилек, копар, власец, естрагон, лук, сок од лимон.

Соја: магдонос, кари, коријандер, чили, лук, сок од лимон, ѓумбир, мелен пипер.

Спанаќ: магдонос, жалфија, кромид, мускатно оревче.

Се надеваме дека ги пронајдовте овие совети и комбинации инспиративни за следниот пат кога ќе готвите нешто убаво. Уверени сме дека отсега зачините ќе станат неопходен дел од вашата кујна.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Трикови за готвење од Инстаграм инфлуенсери, што не се практични и не функционираат „Пробав да направам од оние вирални рецепти, каде што стават тестенини со цело п...
3 едноставни, но уникатни идеи за фарбање и декорирање јајца (видео) Мермерни јајца со лушпи од кромид или шарени јајца со сода бикарбона – креативни...
Кулинарски трикови што не ги знаат ниту најискусните домаќинки Сте размислиле ли некогаш како лесно и брзо можете херметички да ги затворите пл...
3 начини за црвени велигденски јајца со природни бои (од намирници во вашата кујна) Со само неколку состојки кои речиси секогаш ги имаме во домот можете да направит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg