Која е најконсумираната храна во светот?

Која е вашата омилена храна? Можеби навидум ова прашање ви изгледа едноставно, но на моменти може да биде и доста комплицирано, нели?

Koja-e-najkonsumiranata-hrana-na-svetot 01 630x340.jpg

На прашањето која е најпопуларната храна во светот, можеби ќе помислите на чипс, грисини, чоколадна торта... Но, помислете повторно. Колку често ги консумирате истите?

Честопати поминуваме време во канцелариите дебатирајќи за местата каде што најмногу би сакале да живееме, да ги посетиме.

Разговараме и за највкусните специјалитети - почнувајќи од класичните, па сè до необичните јадења. Неоспорен е фактот дека секоја храна е актуелна повеќе или помалку во одредени држави.

Сепак, постојат статистички анализи кои низ секоја измината година го покажуваат истиот резултат.

Имајќи го ова предвид, ви ги претсавуваме десетте најактуелни светски јадења и намирници:

1. Тестенини

За ова можете да ги прашате повеќето Американци. Постои гаранција дека повеќето од нив секојдневно консумираат тестенини, дури и оние кои се на строга диета.

Тестенините се познати како италијански симбол и специјалитет кој достигна светска популарност и ги засени другите континенти како Азија и Америка.

Иако можеби не е главна храна на другите континенти, тестенините се присутни насекаде и се одличен избор за вкусен и брз ручек или вечера. Се согласувате, нели?

Видовите на тестенини, а и нивните сосови, исто така, доаѓаат во разновидни методи и состојки во смесата.

Шпагети, лазањи, макарони, њоки и уште многу други видови на тестенини, секојдневно се комбинираат со болоњезе, фунги, песто и какви не сосови кои тестенините ги надополнуваат со вистински шмек, за сечиј вкус.

Koja-e-najkonsumiranata-hrana-na-svetot 02 630x340.jpg

2. Ориз

Да, оризот доаѓа на втората позиција на најмногу јадената храна во светот. Ова не е изненадување бидејќи повеќето азиски земји го пласираат оризот како нивна главна храна.

Зборуваме за региони како Кина, Индија, Индонезија, Сингапур и Малезија. Сите тие се надалеку познати по нивниот широк спектар за готвење ориз, од обичен ориз до парен ориз и многу други.

Всушност, тоа е историска храна. Денес, кафеавиот ориз и црниот ориз се продаваат во западното општество заради многуте придобивки кон здравствената состојба на луѓето.

Јапонците пак користат леплив ориз за да го направат своето автентично суши.

Koja-e-najkonsumiranata-hrana-na-svetot 03 630x340.jpg

3. Пица

Без оглед на тоа каква пица преферирате, ова јадење е едно од најјадените во светот. Покрај тестенините, дефинитивно прочуен италијански симбол.

Со нејзината разновидност во однос на состојките таа е една од најмодифицираната храна во светот.  

Пицата некогаш важела како „кралски“ специјалитет кој се служел само во формални прилики. Денес, таа е секојдневие кај луѓето.

Капричиоза, маргарита, наполитана, вегетаријанска и уште многу други, со или без доматен сос, со повеќе или помалку кашкавал.

Лесната подготовка и брзата испорака се главните причинители за здобивање на огромна популарност на овој кружен деликатес.

Koja-e-najkonsumiranata-hrana-na-svetot 04 630x340.jpg

4. Пилешко

Колку и да изгледа изненадувачки, пилешкото е на прво место на списокот на омилени меса, дури и пред говедското.

Не е сигурно дали пилешкото има поинтензивен вкус или едноставно е поевтино од говедското и свинското.

Како популарен производ, пилешкото е доволно разноврсно за да се користи навистина со било што. Можете да го готвите и за секое јадење, исто така. Покрај тоа, пилешкото е попрепорачливо од црвеното месо.

Како подобра опција од здравствена и финансиска перспектива, луѓето го одбираат пилешкото месо за разни оброци и поради фактот дека изобилува со протеини.

Да не заборавиме дека можеме да го комбинираме со разни зеленчуци како: брокула, карфиол, компир, морков и многу други.

Koja-e-najkonsumiranata-hrana-na-svetot 05 630x340.jpg

5. Јајца

Идејата да се направи едноставно пржено јајце или јајца на око за појадок е она што ја зголеми популарноста кај луѓето, од временски аспект.

Од исток кон запад, луѓето користат јајца како состојка за огромен број на јадења.

Да напоменеме, јајцето е неопходна состојка за печење на торти, колачи, кифли, пити и други разни пецива.

Поради широката употреба на јајцето, и придобивките што тоа ги дава, тоа се рангира како една од најкорисната храна што треба да ја имате во вашиот дом.

Со тоа што е добар извор на протеини, секогаш се користи за држење на некаква диета.

Koja-e-najkonsumiranata-hrana-na-svetot 06 630x340.jpg

6. Спанаќ

Имајќи предвид дека сме далеку од времето кога Попај го користеше за супер моќ, спанаќот како зелен извор, може да додаде многу здравствени придобивки и содржи различни витамини.

Покрај тоа, овој разноврсен зеленчук може да се меша со други состојки за полнење на пица, полнење пита или едноставно да се испече со кромид.

Многу рецепти, исто така, ја охрабруваат употребата на спанаќ во замена на други зеленчукови состојки на списокот. Со тоа веќе се знае: спанаќот стана масовно консумирана храна.

Исто така, поради можноста да го одгледувате на разни места, можете да најдете спанаќ низ целиот свет.

Koja-e-najkonsumiranata-hrana-na-svetot 07 630x340.jpg

7. Сладолед 

Од детството, па сѐ до зрелоста, кој не би сакал лажичка сладолед? Нешто што сите во домаќинството го поседуваат. 

Сладоледот е најпопуларен десерт во светот, но исто така тој се смета за евтин десерт, за разлика од тирамису или други видови на колачи или торти.

Студената природа на сладоледот е она што го прави неизбежен во текот на летото, насекаде во светот. Секоја земја има свој единствен карактер на модификации на сладолед.

Во корнет, на стапче, во чашка или пак во тегличка, сладоледот е најслаткото доживување, факт со кој секој би се согласил.

Koja-e-najkonsumiranata-hrana-na-svetot 08 630x340.jpg

8. Колачиња

Обично придружени со чаша млеко или чаша врел чај или кафе.

Колачињата со чоколаден чипс се добро избалансирани меѓу соленото и слаткото по вкус, нежно се џвакаат по текстура и се полнат со мали трошки од чоколадо со што една генерација Американци ги враќа во нивното детство.

Koja-e-najkonsumiranata-hrana-na-svetot 09 630x340.jpg

9. Перек 

Разгледуван како иконски симбол на Германија, во комбинација од брашно, сол, слад, квасец и вода.

Добиеното тесто потоа се обликува во добро познатата плетена форма, пред да се испече до совршенство.

Перекот е омилена улична ужина и главен избор на кој било фестивал, празник и божиќен пазар во земјата.

Неговата разноврсна природа предизвика многубројни варијации, вклучително и новогодишни панделки на Октоберфест.

Мора да напоменеме дека освен во Германија, перекот ја зазема својата популарност ширум целиот свет.

Koja-e-najkonsumiranata-hrana-na-svetot 10 630x340.jpg

10. Хамбургер 

Месото обично е придружено со разни состојки како што се парчиња домати, кромид, кисели краставички или зелена салата и бројни сосови како што се мајонез, кечап, сенф и др.

Денес, има голем број на варијанти на хамбургер низ целиот свет, секој со свои придружници, служен во бројни ресторани за брза храна и сметан за најголемиот виновник за зголемување на човечката тежина.

Koja-e-najkonsumiranata-hrana-na-svetot 11 630x340.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg