Каде грешите кога јадете овошје?

Природно е, здраво и преполно со витамини, влакна и антиоксиданси – но, не и ако го консумирате погрешно. Зборуваме за овошјето.

kade-greshite-koga-jadete-ovoshje-03.jpg

И да, постојат грешки кои сигурно и вие ги правите при консумирање на најслатките плодови.

Еве што не треба да повторите никогаш повеќе:

Мислите дека сеедно е кое овошје кога ќе го изедете

Генерално правилно е дека овошјето со потемна кора е побогато со антиоксиданси и содржи помалку шеќери.

Јадете неограничени количини

Одредени диети и планови за исхрана дозволуваат неограничено консумирање на овошје, но тоа сепак не е најдобрата идеја или тактика за одржување на линијата.

Препорачана количина за возрасни личности е околу 2 шолји ситно исечкано овошје по желба.

kade-greshite-koga-jadete-ovoshje-01.jpg

Не ги прилагодувате порциите според тоа колку сте гладни

Ако стомакот ви крчи, а ручекот ќе биде готов тек за неколку часа, не е сеедно по какво овошје ќе посегнете за да ја пополните празнината. Пример, едно големо јаболко содржи 120 калории, додека мало јаболко содржи 53 калории.

Не ја јадете кората

Кога се работи за витамини и антиоксиданси, кората е всушност најдобриот и најкорисниот дел. На пример, кората на јаболката е богата со влакна и витамини А и Ц.

Пиете овошје

Овошните сокови, без разлика дали се свежо цедени или купечки, не можат да го заменат свежото овошје.

Јадете суви овошја

Ова е многу полоша опција дури и од претходната. Лесно може да претерате со внесот на шеќери ако консумирате само овошје во сув облик.

kade-greshite-koga-jadete-ovoshje-02.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
Намирници кои никогаш не треба да ги консумирате сирови (и зошто) Сите знаеме дека треба да избегнуваме сурово месо и јајца. Сепак, постојат и мно...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg