Валентино Роси во Формула 1

Валентино Роси открил дека во 2011 година би можел да дојде во Формула 1, ако Ферари настапи со трет болид. Претставникот на Ферари Лука ди...

 

... Монтеземоло минатата недела во Париз заедно со Берни Еклестоун и Макс Мозли разговарале за опцијата за воведување на трет болид.

Од друга страна пак шампионот во Мото ГП Валентино Роси, Италјанец кој веќе неколку пати има тестирано болиди за Ферари, би можел сега да стане и дел од екипата.

Рози изјавил дека моменталниот договор со Јамаха му завршува во 2010 година, така да би било тешко да премине тој период во Ферари бидејќи Ферари сеуште немаат 3 болид, и за сега Валентино не размислувал за промена на спортот.

Тој изјавил дека во моментот сакал да се концентрира на шампионатот во Мото ГП и да проба да освои уште една титула.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg