ŠKODA Octavia и Superb ќе бидат „Најдобри автомобили на 2014" според автомобилските фанови

За повеќе од 115.000 читатели на реномираниот германски магазин “Auto Motor und sport” ŠKODA Octavia и ŠKODA Superb ќе бидат „Најдобри автомобили на 2014" во нивнатакласа, во категоријата на увезени автомобили во Германија, покажува најновата анкета на овој магазин.

skoda-octavia-i-superb-ke-bidat-najdobrite-avtomobili-na-2014-spored-avtomobilskite-fanovi-01

Во категоријата на мали автомобили ŠKODA Fabia се најде на третото место, што севкупно е петта победа за чешкиот производител, во последните четири години.

Најмодерните технолошки додатоци, бројните „едноставно паметни" решенија, и многу други вградени корисни уреди кои овозможуваат патувањето со моделите на ŠKODA биде поубаво и позабавно, безбедно, а притоа економично, не остана незабележано од љубителите на автомобилите.

Во тој контекст особено е неприкосновена ŠKODA Octavia, за која за „Најдобар автомобил на 2014" гласаа дури 18.4% од учесниците во анкетата, и покрај силната конкуренција.Дека овој автомобил навистина е популарен меѓу германците потврдува и статистичкиот податок според кој третата генерација од најпродаваниот автомобил на Шкода е меѓу 10-те автомобили кои најчесто се регистрираат.

Superb, знаменосецот на ŠKODA се најде на врвот 4-ти пат по ред, 22.2% од читателите го изгласаа за најдобар увозен автомобил во средната класа. ŠKODA Fabia исто така си обезбеди место на подиумот, во категоријата на мали автомобили, каде 8.6% од гласачите ја избраа на третото место.

skoda-octavia-i-superb-ke-bidat-najdobrite-avtomobili-na-2014-spored-avtomobilskite-fanovi-02

„Ни претставува задоволство што оваа година ги освоивме читателите на ‘Auto Motor und Sport’ со ŠKODA Octavia и ŠKODA Superb” рече др. Франк Велш, член на управниот одбор за развој за време на церемонијата на доделување награди во Штутгарт.

„Резултатите покажуваат дека брендот ŠKODA ги прави вистинските автомобили за своите потрошувачи: атрактивни, практични, високо-квалитетни возила со модерна технологија и паметни идеи, кои во однос на цената - имаат одлична вредност”

skoda-octavia-i-superb-ke-bidat-najdobrite-avtomobili-na-2014-spored-avtomobilskite-fanovi-03

ŠKODA ја имплементира "GreenFuture" стратегијата која има за цел производството на енергетски ефикасни возила и уште поефикасна употреба на ресурсите во рамките на компанијата, што индиректно ќе придонесе и кон зачувување на животната средина.

Целокупното производство на Škoda до 2018 година ќе се преструктуира, што ќе доведе до 25% помала потрошувачка на енергија и вода, помала емисија на јаглерод диоксид, како и производство на автомобилски делови кои во целост ќе може да се рециклираат.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg