Елегантен и отмен - Renault Captur со признание СУВ за 2014 година

Ни претставува голема чест и задоволство да Ве информираме дека вчеравечер на манифестацијата “Автомобил на годината во Македонија” и официјално признанието СУВ за 2014 е доделено на моделот Renault Captur.

eleganten-i-otmen-renault-captur-so-priznanie-suv-za-2014-godina-01

“Елегантен и отмен како одвнатре така и однадвор, автомобил со типичен карактер и гени препознатливи за Renault”-  изјави Симона Николовска,лице одговорно за односи со јавност и маркетинг на Аутомотив Груп.

“Се работи за целосно нов модел што е ценета карактеристика и ги прати сите потреби на современиот потрошувач.Во него се вградени сите најнови технолошки решенија вклучувајќи ги и економичните мотори кои ги исполнуваат строгите Euro6 стандарди против загадување на околината.Она што е најважно е дека основниот модел нуди широк спектар на сериска опрема, а односот на цената и квалитетот се исклучително поволни “ - изјавија од стручното жири.

eleganten-i-otmen-renault-captur-so-priznanie-suv-za-2014-godina-02

Едногласната одлука на националното жири е уште една потврда за иновативниот спој на стилот и функционалноста на Captur кој веќе е препознатлив на јавноста по својот дизајн, удобност и опрема.

Својата титула како најдобар меѓу останатите автомобилски креации ја прослави со коктел забава за своите блиски соработници и пријатели кои уживаа и прославија во познат скопски локал.

eleganten-i-otmen-renault-captur-so-priznanie-suv-za-2014-godina-4

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg