Апартман на тркала

apartman-na-trkala-povekjeИзгледа дека луѓето се обидуваат целиот свој живот да го сместат во една мала кутија. Според современите достигнувања, изгледа и дека не се далеку од тоа.

 

Дизајнерот Cornelius Comanns има неколку идеи како да го сместите целиот живот во еден мал автомобил на три тркала.

Во прв момент изгледа невозможно и нелогично, но како што може да се види од фотографиите, просторот е толку добро организиран, што целиот концепт воопшто не изгледа како лоша идеа.

Сепак, доколку сакате да припремите домашна забава, или гледање на филм – ова не е начинот на кој што би го извеле тоа.

Овој концепт автомобил наречен “Bufalino” не е ништо помалку од чудо! Има капацитет за две особи, рерна за да си направите вечера, кревет на преклопување, фрижидер, мијалник и резервоар за вода.

Автомобилот е опремен со огромен складишен простор кој ќе ви овозможи да ги понесете со себе сите неопходни работи кога одите на патување.

Нормално, нема туш кабина, меѓутоа тој проблем е решен со монтажен туш кој можете да го набавите во било која продавница.

Живот во автомобил – замислете ја слободата која ќе ја имате, или пак, каустрофобијата – на кого како повеќе му одговара ;-)

apartman-na-trkala-1

apartman-na-trkala-2

apartman-na-trkala-3

apartman-na-trkala-4

apartman-na-trkala-5

apartman-na-trkala-6

apartman-na-trkala-7

apartman-na-trkala-8

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg