Браво! Девојчето (11) од Нови Сад, кое продава крофни за лекување на татко ѝ, стана хит - километарска колона на нејзиниот штанд

„Колку сум горда на луѓето во овој град“, „Ова е солидарност“, се дел од коментарите за видеото од луѓето во Нови Сад кои стрпливо чекаат во ред за да купат крофни од штандот на 11-годишната Нина, која стана регионална мала хероина, откако со продажба на крофни почна да собира пари за лекување на болниот татко. Ова е хуманост на дело!

kilometarska-kolona-za-krofni-vo-novi-sad-otkako-devojche-11-kazha-deka-parite-od-prodazhbata-se-za-lekuvanje-na-tatko-i-video-01.jpg

Нина Нинковиќ (11) од Нови Сад стана вистинска мала хериона, откако медиумите ја објавија приказната за девојчето што продава крофни за 100 динари (50 денари), а парите ги собира за лекување на нејзиниот татко во Москва.

Сега, за крофните што ги продава Нина се создаде километарска колона во центарот на градот, а таа во едно попладне успеа да продаде преку 500 крофни.

Screenshot_2023-06-28_100635_copy_copy.jpg

Видеото од луѓето кои стрпливо чекаат на ред за да купат крофни од Нина стана вирално, а јавноста во регионот ја поздрави хуманоста на новосаѓани со порака дека младите како Нина се светол пример за општеството.

„Колку сум горда на луѓето во овој град“, „Ова е солидарност“, „Па знаете ли колку крофни требаат овде?“, се само дел од коментарите на видеото.

Screenshot_2023-06-28_100617_copy_copy_copy.jpg

Крофните ги правеа мајка ѝ и баба ѝ на Нина, а сега им помагаат и сосетките, бидејќи не можат да постигнат сами поради огромната побарувачка.

Нина го привлече вниманието на јавноста откако неколку локални медиуми ја објавија приказната за 11-годишното девојче што пред својата куќа продава домашни крофни за да собере пари за својот татко, кој треба да оди на лекување во Москва.

Screenshot_2023-06-28_100313.jpgфото: принтскрин Youtube

Таа вели дека првата идеја ѝ била да ги продава крофните за да заработи за џепарлак, но кога луѓето почнале да ги купуваат, решила парите да не ги задржи за себе, туку да ги даде на својот татко.

Зоран, таткото на Нина во 2016 година го загубил видот по аблација на ретината на окото. Иако направил операција, во 2022 година аблацијата се вратила повторно, а по ова лекарите му дијагностицирале и симпатичка офталмија и панувеитис, поради што му е загрозен и животот.

16875112353561895771056888659082437946460282592818304n-830x0.jpg

Иако прима терапија во Србија, Зоран треба да оди на операција во Русија, но семејството нема доволно средства. Поради ова, се отворени и неколку линии за донации, а Нина и нејзините родители се надеваат дека ќе успеат да ги соберат средствата.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Во ромското село Драгиње во Србија парите не се проблем - сите имаат: Луксузните куќи го одземаат зд... Куќи со по 30 соби, фасади што светкаат на сонце, дворови украсени со гипсени ла...
„Додека Нина продаваше крофни, татко ѝ кришум си ги бришеше солзите“: Хероината од Нови Сад среќна, ... „Нина е дар од Бога. Направи чудо, а не е ни свесна за тоа. За неа сè ова е норм...
„За да добие пари од мене, мора да ми роди барем 2 деца“ – Што зборуваше првиот сопруг на Јелена Кар... Постапката за развод била завршена за неколку дена. Бојан ја извадил бурмата вед...
Милош Биковиќ наскоро ќе стане татко, девојката Ивана е бремена со нивното прво дете Еден од најпопуларните српски актери, Милош Биковиќ, и неговата девојка Ивана Ма...
Баба од Босна го растажи Балканот: „Имам синови и внуци, но никогаш не ме посетуваат“ „Синовите не ми доаѓаат често, за нив дознавам преку луѓето. Имам и три внуци. Н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg